ПУТИН ПОВТОРНО НАЈВЛИЈАТЕЛЕН ЧОВЕК ВО СВЕТОТ: „Њујорк Тајмс“ го прогласија Путин за највлијателен човек во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој е највлијателниотчовек на планетата? Мојот глас оди за Владимир Путин вели Дејвид Брукс, политички коментатор на “Њујорк тајмс”, со што го започнува својот текст за претседателот на Русија.

“Луѓето велат дека Путин е добар во тоа кој кому ќе ја свитка раката. Сите очекуваат дека на крајот тој ќе загуби и раката ќе му падне бидејќи руската економија е толку нестабилна. Но, неговата рака не е слаба. Тоа е затоа што неговата база на моќ не е економска, туку културна и идеолошка “, истакнува Дејвид Брукс.

Текстот, исто така, оценува дека во годините пред нас, власта на Путин ќе има неколку клучни предности. На прво место, либералната демократија се базира на идејата дека власта треба да се распредели на системот и на институциите. Путин е поддржувач на идејата дека владата треба да биде централизирана, со еден лидер на врвот и железниот авторитет кон долниот слој.

Второ, крајната лојалност кон Уставот на либералната демократија и демократски норми е апстракција, вели авторот: “Ние во демократскиот камп секогаш сме вознемирени кога гледаме како лидерите Путин, Доналд Трамп или Кси Џинпинг на сметка на демократските стандарди ги зајакнуваат своите лични позиции на моќ”

Трето, либералната демократија се базира на вера, верба во капацитетите на поединците. Демократите веруваат во идејата дека луѓето најдобро знаат како да управуваат со сопствениот живот и дека овие индивидуални избори можат да се вклопат хармонично во заедничка ткаенина. Путинзмот, како и Трампизмот, се базира на цинизам. Се заснова на идејата дека ние не треба да имаме никакви илузии, туку да бидеме мудри кога станува збор за светските трендови. Луѓето се, според зборовите на Макијавели, неблагодарни и склони кон измама но, исто така, исплашени и претпазливи кога станува збор за профит. Ривалството е неизбежно. Сето тоа е партизанска логика на неорганизираност, хаос. Секој поединец или институција кој тврди дека е објективна и поради тоа се става себеси над се, таа лаже – пишува во текстот на Њујорк Тајмс.

Конечно, либералната демократија е заснована на идејата дека луѓето кои не се како тебе се вредни за почит и внимание. Путинизмот се базира на идејата дека луѓето кои се различни од вас предизвикуваат хаос и го подриваат начинот на живот, вели авторот Брукс, додавајќи дека Путин се постојано се оградува од хомосексуалци, муслимани и атеисти. Како заклучок, се пренесува пораката дека Путин никогаш не треба да се потценува, и дека политичките режими во светот на крајот се прилагодуваат и определуваат- кон авторитарни или демократски принципи.

“Во ова време, сега, предноста е на страната на авторитарните режими, поради тоа што таа страна има личности кои силно ја претставуваат. Затоа што кога ќе прашате некој: кој е светски познат лидер на демократскиот концепт, нема да добиете никаков одговор “, заклучува Њујорк тајмс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This