ПУТИН ЈА СПРЕМА ЗЕМЈАТА ЗА НАПАД ОД НАТО: Прогласена воена состојба во сите државни и приватни фирми во Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател издаде наредба до сите приватни и државни компании да бидат спремни за брзо префрлување на производството во воена опрема и воени операции

Рускиот претседател Владимир Путин ја припрема земјата за можна војна против НАТО. Тој на сите руски компании, без обзир на тоа дали се во државно или приватно сопствеништво, им наредил да се подготват за брза трансформација во производство во воена опреам.

Се за безбедност
Путин во средата на конференцијата со високите претставници од министерството за одбрана и топ-менаџерите на компанијата од воената индустрија наведува дека сите треба да бидат во можност брзо да се преориентираат на воени операции.

– Можноста една економија рапидно да го зголеми производството на воени производи и услуги кога тоа е потребно е еден од најважните услови за национална безбедност. Сите стратешки фирми и големи компании мораат за тоа да бидат спремни. – нагласил Путин.

Тој додава дека во текот на 2015 и 2016. за тоа веќе се разговарало со претставниците на безбедносниот сектор, а сега бара од нив и менаџерите на компаниите да му поднесат извешта за тоа со кои проблеми се сретнале во текот на минатата година, а што би било на задоволувачко ниво.
Новите наредби дојдоа само ден откако Путин побара да се забрза воено-технолошкиот развој како Русија би можела да му парира на Западот.

– Нашата пешадија и морнарица мораат да ја имаат најдобрата опрема, подобра од странските армии. Ако сакаме да победиме мораме да бидеме подобри – истакнал Путин.

Аналитичарите велат дека новите наредби на Путин не значат дека Русија ќе го нападне НАТО, туку сосема спротивно, дека Москва мора да биде спремна во случај на напад.

– НАТО пактот скоро ја обиколи Русија. Се прошири опасно близу до руската граница. Донесоа своја воена опрема и војници, кои само чекаат знак за напад. Во таква ситуација Путин мора да направи се што е можно да војската и целиот народ да го стави во состојба на приправност – објаснуваат аналитичарите.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This