Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на Централниот комитет на партијата, за медиумите изјави дека пратениците на партијата требало да се вратат во Собранието
Во кусиот одговор на Рангелова, таа истакна дека веќе е време пратениците да се вратат на работа во парламентарниот дом.
Опозицијата веќе три месеци не учествува во работата на Собранието, поради неправедно и нелегално приведените пратеници, кои неодамна беа пуштени на слобода.
Во изјава за медиумите пред неколку дена Талат Џафери пак, изјави дека условите, односно барањата на опозицијата прво да се ослободат пратениците па потоа да се вратат во Собранието, се исполнети и ги повика што побрзо да започнат со работа.