March 28, 2024, 11:55 am

РЕАГИРАШЕ И МАРИЈА ЗАХАРОВА: Портпаролот на Руското Министерство за надворешни работи реагираше на несреќните и несериозни изјави на Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изјавите како онаа на македонскиот премиер Зоран Заев се штетни за руско-македонските односи и се спротивни на прокламираната спремност на Скопје да промовира конструктивни врски со нашата земја, порача на Твитер портпаролката на руското Министерство за надвоешни работи Марија Захарова.

Премиерот Зоран Заев неодамна во интервју за црногорското радио „Антена М“, изјави после тоа што се случи во Црна Гора, на тоа што му се случи на Ѓукановиќ пред приемот на Црна Гора во НАТО, сѐ може да се очекува.

Реагираше и Руската амбасада во земјава, која ги оквалификува изјавите на Заев за несериозни и жалосни.

-Секако, не остана незабележано и неодамнешното интервју на Претседателот на Владата на Република Македонија за црногорското радио „Антена-М“ од 5 ноември оваа година. Со зачуденост и загриженост истакнуваме дека во тоа интервју, во контекстот на минатогодишните настани во Црна Гора, шефот на македонската влада, повикувајќи се на некои „репорти“ и „аналитичари“, намерно или не, ја претстави ситуацијата на тој начин дека Руската Федерација наводно била вмешана во обиди за „ликвидација“ и подготвувала такви акции против самиот господин Зоран Заев. Категорично изјавуваме дека ваквите тврдења се необосновани и ги сметаме за недозволиви. Со жалење констатираме дека истите ја уриваат атмосферата на доверба меѓу нашите две земји, и нанесуваат штета на повеќегодишната заемно полезна соработка и се косат со декларираната од страна на Скопје подготвеност за градење конструктивна соработка со Русија, желба за развој на пријателските односи меѓу две нашите земји, се вели во соопштението на амбасадата на Руската Федерација.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This