РЕАГИРАШЕ ХРИСТИЈАН ДЕЛЕВ: Пријвата е продолжение на политичката хајка против функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Денешната пријава е продолжение на политичката хајка против поранешни функционери на ВМРО – ДПМНЕ. Ова е еклатантен пример за непознавање на правото и злоупотреба на институциите од страна на СДСМ. Наместо да се занимаваат со вистински криминал, СДСМ и МВР креираат лажни предмети и лажни сценарија без никакви аргументи или докази, вели Христијан Делев од ВМРО – ДПМНЕ отакако денеска МВР информираше дека против него и Кирил Божиновски се понесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Поранешниот заменик министер, Делев вели дека целата постапка е спроведена согласно закон и дека би било добро нарачателите да го декласифицираат предметот, па вистината да ја видат граѓаните и да проценат каква штета нанесува СДСМ.

– Целта на СДСМ е да ги замолчи сите слободоумни граѓани кои не се согласуваат со нивната политика или се против промената на уставното име, уставот и идентитетот на граѓаните на Република Македонија. Оваа пријава доаѓа само 48 часа после мојата изјава за BBC против промената на уставното име, идентитет. Во истото интервју, претседателот на Владата кажува дека името треба да се промени и дека граѓаните му дале мандат бидејки се за влаз во ЕУ и НАТО.

– Во врска со пријавата за предметот против мене, вистината е следна. Целата постапка е спроведена согласно закон. Од страна на Владата на РМ уште во 2014 беше формирана работа група со цел да најде решие за еден од најголемите проблеми кој се провлекува 18 години во државата. Штетите од него се стотици милиони евра, а целата постапка беше класифицирана во категорија државна тајна. Владата ангажираше меѓународни и домашни адвокати кои требаше да помогнат да се најде соодветно решение. На затворена седница на влада во неколку наврати се дискутираше за понуденото решение. Наместо владата на СДС да продолжи со имплементација на концептот и да спречи идните генерации да плаќаат за грешките од минатото, се отвара кривична постапка против луѓето кои барале решение. Доколку веќе се отвора кривична постапка, би било добро нарачателите да го декласифицираатe предметот па вистината да ја видат граѓеаните и да проценат каква штета нанесува СДСМ. Веќе кружат информации дека овој предмет ќе биде и дел од мерките за градење на доверба со Грција и еден од 40-те услови со кој дојде грчкиот Министер за надворешни работи, заклучува Делев.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This