March 28, 2024, 11:36 am

РЕКЕТАРСКАТА ПРИРОДА НА АМЕРИКА: Трамп бара рекет од членките на НАТО, инаку нема да ги брани од опасности!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани на земјите кои не го плаќаат своето присуство во Северноатлантската алијанса дека САД нема да ги штити од потенцијални закани, како Русија. Како што вели, тој директно барал од земјите-членки за време на својата последна посета на штабот на НАТО да го платат членството, во спротивно нема што да бараат во Алијансата

„Убаво им реков, во случај да не ја плаќаат чланарината, нема ни да ги има. Поради тоа сум критикуван во медиумите, дека сум прегруб кон сојузниците. Меѓутоа, тие се груби кон нас ако продолжат да не плаќаат“, предупредува Трамп.

„Што ако една земја која не плаќа чланарина започне кавга со некоја друга држава, да речеме Русија? Таа одеднаш стане агресивна, а ние автоматски сме вовлечени во трета светска војна“, наведува американскиот претседател.

Трамп додава дека на германската кацеларка и рекол дека Германија мора да издвои повеќе средства за буџетот на НАТО, со обзир на тоа дека во таа земја се наоѓаат околу 40.000 американски војници.

„И реков: ‘Ајде, издвојте повеќе средства.’ Таа ми кажа дека тоа нема да му се допадне на германскиот народ. Тогаш и одговорив: ‘Тоа исто не му се допаѓа на американскиот народ’“, заклучува Трамп.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This