Институциите на државата се претворени во приватна сопственост, откако по 12 години опозиција, СДС конечно, насила и со странска интервенција успеаа да направат државен удар и да ја преземат власта
Наместо работа и унапредување на животниот стандард на граѓаните, функционерите на СДС си ги користат институциите и функциите за да проектираат сила, да се закануваат и да вршат рекет.
Денес, во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство, вработените наместо да работат, го славеа роденденот на новиот директор Зоран Атанасов, на богата софра, која според фотографијата сигурно чини 350-400 евра.
Вработените кои ни ја испратија фотографијата се сомневаат дека кетерингот со сигурност не е платено од негов џеб, или пак од службена сметка, и дека се работи за рекет на некој од скопските ресторани.