Полека но сигурно станува јасно која е причината од која надлежните институции и меѓународни организации одговорни за следење на изборниот процес премолчеа и асистираа во спроведувањето на изборниот фалсификат.
Главниот мотив за одобрувањето и премолчувањето на изборниот фалсификат е насилна дезинтеграција на најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ.
Во ваквиот процес активно асистираат и таканаречените “реформатори” кои освен од бројни амбасади, сесрдна поддршка добиваат и од СДС, поточно од институциите под нивна контрола.
Како што дознаваме, членови на ВМРО-ДПМНЕ, биле повикувани во неколку институции како Агенција за финансиска поддршка за земјоделие и рурален развој, каде биле принудувани да се потпишат на тн. Декларација на реформаторите, во спротивно ризикуваат губење на правото на субвенции.
Ваквиот тренд бил забележан и во други институции.
Ова само ја потврдува тезата дека СДС нема намера да враќа никаква демократија, туку во стилот на вистинска хунта да ги елиминира политичките неистомисленици.
Она што загрижува е тоа што целиот овој процес е премолчно одобрен од тн. меѓународна заедница.