March 29, 2024, 12:04 pm

Решенија за пофунцкионална општина Карпош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под мотото „ Здружени сили, за заеднички интереси“, денеска во просториите на урбаната заедница „ Кузман Јосифовски- Питу“ беше одржан првиот граѓански форум. Во организација на Женската граѓанска иницијатива „ Антико “ од Скопје, Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп, со поддршка на Општина Карпош, претставниците од граѓанските здруженија, претставници од урбаните заедници од територијата на локалната самоуправа, како и граѓани карпошани разговараа за локалните проблеми и приоритети на една Општина, конкретно за Општината Карпош.

Овој проект, кој започна оваа скопска општина, а ќе се спроведе во уште пет Општини од Репувлика Македонија, има за цел најпрво да ги детектира и воочи проблемите со кој се соочуваат граѓаните во една локална заедница, потоа да изработи акциски план со кој ќе се третира нивното решавање, и на крај да спроведе имплементација на претходно утврдените решенија. Како што истакна претставничката од Женската граѓанска организација „ Антико“, Томка Делевска, оваа соработка меѓу граѓанските организации и локалните самоуправи е од исклучително значење, со што се подобрува таргетирањето на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Имаме одлична соработка, конкретно со Општина Карпош, и верувам дека и во иднина ќе продолжиме во истиот дух. Од секогаш сум се залагала за продлабочување на соработката меѓу нас како претставници на граѓанските организации и локалните власти, бидејќи најголем бенефит од оваа соработка имаат граѓаните, потенцираше Делевска.

Овој проект, ќе трае вкупно триесет месеци, и истиот се спроведува во шест општини ширум републиката со граѓани од мешан етнички карактер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This