March 29, 2024, 10:55 am

РИЈАЛИТИ ШОУ КАКВО ШТО НЕМАТЕ ВИДЕНО: „Игра 2-зима“ руско ријалити шоу во кое 30 луѓе ќе преживуваат на Сибир – без правила!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот бизнисмен од Новоросијск и сопственик на „градинката за возрасни“ Јевгениј Пјатковски планира ова лето да стартува со ријалити шоу играта „Игра 2 – зима“, по примерот на филмот на режисерот Гарија Роса „Игра на Гладот“ (Hunger Games)

rijaliti_sibir

Руската ријалити „Игра 2 – зима“, која е во припрема, нема да има ниту еден шоу сличен на себе во светот. Таа е екстремн игра, на граници на преживувањето. Како што се наведува на сајтот на проектот, неговите иницијатори одлучиле да направат експеримент и да откријат дали обичен човек може да преживее зима во тајгата со ограничена залиха на храна.

Организаторите на таа екстремна игра ветуваат 9 месеци пренос во живо на федералните телевизии, меѓународен состав на учесници и лов на 2.500 зајци.

Никој од учесниците нема да биде осигуран од повреда, па дури ниту од смрт, предупредува Пјатковски. Правилото е дека нема правила. Во текот на девет месеци колку што трае шоуто можете да правите што сакате – да пиете, да пушите, да се тепате. Меѓутоа, наптреварувачите ќе мораат да ги почитуваат руските закони во случај на докажување на криично дело, а полицијата може да ги уапси. Сите учесници ќе поминат обука за преживување кај екс-руски специјалци од одредот ГРУ, додека од оружје ќе имаат само ножеви.

Суштината на играта се сведува на сценариото на Робинзон Крусо. 30 учесници од различен пол и возраст (постари од 18 години) ќе се обидат да преживеат во сибирската тајга во текот на 9 месеци во екстремни услови – мечки, змии, отровни бубачки, печурки, студ од -40 степени целзиусови. Секој играч со себе ќе може да носи до 100 килограми товар. Како што пишува „Сибирско време“, учесниците на ријалити шоуто ќе мораат да прават залихи на храна со цел да ги преживеат ладните месеци, додека на зима ќе ловат риба во замрзнатото езеро.
tajga_sibir

Гледачите ќе можат да ги поддржат своите фаворити преку донации. Секој учесник ќе може да побара некој предмет од публиката, која може да донира пари за тоа на сајтот на проектот. Таа роба потоа ќе биде предадена на учесникот.

Оние кои ќе се почувстуваат дека им недостасува сила или се болни можат да притиснат копче за да побараат помош. Хеликоптер веднаш ќе тргне по нив, но тоа не значи дека тоа е и крајот на нивното учество во играта.
mecka_sneg
Вредноста на проектот изнесува 15 милиони евра. Победникот во ријалити шоуто ќе добие 1.5 милиони евра. Меѓутоа, треба да се каже дека шоуто е пред се за побогатите. Место во „Игра 2 – зима“ може да се купи за „само“ 150.000 ева. За оние кои немаат толку пари, предвидена е можност за влез во играта преку освојување на гласови преку интернет и СМС пораки. Во тек е пријавата на кандидатите. Шоуто почнува од 1-ви јули наредната година и ќе трае до 1-ви април 2018 година. Ќе биде пренесуван во живо 24 часа седум дена во неделата во целиот свет. На лице места нема да има сниматели, туку целата шума ќе биде „накитена“ со камери – 2.000 единици на 900 хектари. Преносот ќе биде преведуван симултано на англиски, француски, гемрански, шпански, кинески и арапски. Организаторите се надеваат дека мегапроектот ќе привлече преку две милијарди гледачи, а сметаа дека тоа ќе биде многу забавен и образовен шоу. Дали ќе биде така, ќе дознаеме следното лето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This