РУДНИК ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Машини копаат рудник во близина на Шуто Оризари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците вообичаено во една држава претставуваат комбинација од централно, десно и лево ориентираната интелектуална елита. Но како и по однос на другите прашања ситуацијата во нашата држава е далеку од сјајна, а нашите пратеници се далеку од интелектуална елита.

Јавноста памети дека во минатото во македонското Собрание се гледаа филмови за возрасни, се јадеше ќотек, се виде и по некоја танга, се разменуваа сензуални погледи помеѓу колеги кои беа нешто повеќе од тоа и буквално кога мислиш дека си видел се тогаш ќе се изненадиш.

Во парламентот можеше да се забележи се освен работа на пратениците, но брендот како што тој сам се нарече, пратеникот Амди Бајрам не само што беше забележан како работи туку беше забележан како работи трудово интензивна работа. Или како што би рекол народот пратеникот е забележан како копа во рудник.

Според неофицијални информации Амди Бајрам побарал само едно нешто за да стане дел од владеачкото мнозинство на Заев, а тоа е да се запре изградбата на рудникот во Казандол, бидејќи би претставувал сериозна конкуренција за рударската операција на Амди која се одвива токму во Собранието. Овој непристоен предлог експресно бил прифатен од човекот познат по добри зделки со иницијали З.З. и се разбира по она позната изрека ,,Едно евро за..’’ .

Дел од нашите интелигентни Фејсбук читатели ја прочитаа намерата на Владата и со прстот кој не им беше зафатен во знак на солидарност со пратеникот Амди Бајрам покажаа кон виновникот за загубата на оваа милионска инвестиција.

 

Веста е измислена и дел од сатиричната рубрика „Политикака“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This