April 24, 2024, 10:28 pm

РУСИТЕ РАДИКАЛНО ГО УСОВРШУВААТ ИСКАНДЕР-М: Нови ракети кои продираат под земја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата модификација на балиситичката ракета за системот Искандер може да се користи дури и како продирачка под земја, со цел уништување на утврдувања или блиндирани темели на контролни пункотви на непријателот

Министерството за одбрана на Русија го одобри планот за модернизација на оперативно-тактичкиот ракетен комплекс Искандер М. Се очекува дека тие системи во различни модификации на руската војска ќе се користат во наредните 20-30 години, изјавил за новинарите главниот инженер на „Конструкторско биро за производство на машини“ Валериј Кашин.

„Продолжуваме со конструкторската работа на правење на нови ракети за комплексот Искандер М. Тој постојано се развива. Направени се уште неколку типови на ракети. Однадвор не се разликуваат, но внатре – кардинално. Во моментот има седум врсти на ракети, а може да има и повеќе“, рекол Кашин.

Игор Коротченко, воен експерт и главен уредник на магазинот „Национална одбрана“, за Спутник истакнува дека Искандер и понатаму спаѓа во одбрамбено оружје, без обзир на сите нови модификации на ракетите.

„Комплексот Искандер е високопрецизен воен комплекс кој не нарушува ниту еден постоечки договор кој Русија го потпишала, конкретно мислам на Договорот за намалување на бројот на ракети со среден и мал домет, кој е на сила уште од 1987 година“.

Воениот експерт Дмитриј Корњев, главен уредник на порталот „МилитариРаша.ру“, за Спутник објаснува дека суштината на современите руски ракетни комплекси се состои во тоа на една ракета, зависно од потребите, може да се постават различни боеви глави, како и разни системи за наведување.

„На балистичките ракети се користат и касетни боеви глави, а може да биде поставена и високоексплозивна боева глава. За така напреден систем како што е Искандер би било чудно да не постои и боева глава со нуклеарно полнење. Слична е ситуацијата и со крстосувачките ракети кои исто така може да се лансираат од тој систем“.

Корњев нагласува дека пред одредено време се појави и нова модификација на балистичките ракети за системот Искандер, која дури може да се користи за да продре во зејата и да уништи утврдувања и зајакнати темели на контролни пунктови на непријателот.

Министерството за одбрана на Русија со гордсот укажува на тоа дека Искандер М нема свој ривал во светот во неговата класа, според прецизноста на гаѓањето, разорната моќ, кратката припрема за гаѓање, како и по останати параметри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This