РУСИЈА НЕ Е ЗАКАНА ЗА НИТУ ЕДНА ЗЕМЈА ВО ЕВРОПА: Генералниот секретар на НАТО поплука се што кажа во Скопје, и побара соработка со Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НАТО не ја смета Русија за закана за било која членка на Алијансата, рече во интервју за „Форин полиси“ генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

„Не гледаме било каква руска закана по било која членка на НАТО и секогаш доста внимателно се однесуваме кон хипотетичките ситуации. Она што можам да го кажам е дека доколку се случи било што слично на Крим или Украина, ќе реагира целата Алијанса, бидејќи НАТО е тука да ги штити своите сојузници од закана“, одговорил Столтенберг запрашан што НАТО би направило ако Русија „би го направила на Балтикот она што го направи на Украина“.

Според неговите зборови, „ќе испратиме воени единици во тој дел на Еворпа“.

„Нивното присуство нема за цел да предизвика конфликт, туку да го спречи“, објаснува генералниот секретар на Алијансата.

Според неговите зборови, НАТО ќе тежнее кон соработка со Русија и во арктичкиот регион.

„Гледаме зголемени тензии на северот, но мораме да продолжиме да тежнееме кон намалување на тензиите и соработката, кои со децении ги развиваме со Русија“, укажува Столтенберг.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This