РУСИЈА ОТВАРА НОВА БАЗА: Отворено големо воено бродоградилиште во Каспиското море, Русија ги обезбедува нафтените полиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Касписката флотила преоѓа од Астрахан во дагестанска Каспија, соопшти министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу

„Отворено е големо бродоградилиште: молови, докови, пунктови за логистика, згради. Ќе има повеќеструко зголемен број наши војници и офицери“, рекол Шојгу на седницата со раководството на Министерството за одбрана.

Според неговите зборови, преоѓањето на флотилата е сериозна алка во системот на безбедност во регионот.

Засега главната база е Астрахан. Главна задача на флотилата е чување на јужните граници, осигурување на националните интереси и борба против тероризмот. Истата игра важна улга во обезбедување на водечката улога на Русија во најголемото затворено море на Земјата, каде веќе 15 години не може да се реши спорот за поделба на нафтените полиња и биолошките ресурси.

Во состав на единицата влегуваат и ракетни бродови, мали ракети и артилериски бродови, десантни бродови, единици на морска пешадија и крајбрежни артилериски сили.

Флотилата учествувала во воените операции на Русија и Сирија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This