РУСКАТА ВОЈСКА ЈА ЗАСИЛУВА САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТА: Министерството за одбрана со препорака до војниците да не користат интернет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за одбрана на Русија им препорача на војниците и офицерите да не ги користат социјалните мрежи, како и на интернет да не објавуваат свои лични податоци и да го исклучат локаторот на телефоните. Иако овие правила се само препорака, рускиот воен ресор веќе припрема измена во законот кој ќе го направи ова задолжително

Руските медиуми наведуваат дека правилата на однесување на интернет биле разредени на крајот на минатата година, а дека препораките дури сега се испратени до војниците. Советите се однесуваат на чувењето на тајни информации и безбедно однесување на социјалните мрежи.

На војниците и офицерите им се врти вниманието на тоа дека админстраторите на странските интернет ресури, имаат потполн пристап до податоците кои таму се поставени.

Авторите на документот напоменуваат дека публикациите на војниците постојано се анализираат од страна на разузнавачките служби, па поради тоа објавените фотографии и видео-снимки на кои е обележана локација може да доведат до „крах на борбените задачи“.

На војниците исто така им се советува да ги замолат нивните роднини и блиски да не објавуваат информации за нивната служба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This