РУСКИОТ ТЕНК Т-90 ПРОБЛЕМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ „АБРАМС“: Руската „армата“ конкуренција на „Абрамс“ и кинескиот „Тип-99“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воениот аналитичар на магазинот „Нешнл Интерест“ Себастијан Роблен ги спореди тактичко-техничките карактеристики на тенковите Т-90, М1 „Абрамс“ и „Тип 99“


Според мислењето на експертот, најбрз од овие три тенка е најновиот кинески „Тип-99“ Ова оклонпо возило на пат може да достигне до 80 километри на час, Т-90 (во извозна верзија за Индија) достигнува брзина од 72 километри на час, а „Абрамс“ – 68.

Американскиот тенк има „најжеден“ агрегат, чии карактеристики му овозможуваат да помине 390 километри без дополнување на гориво. Конкурентите можат да поминат повеќе од 480 километри.

Истовремено, тежината на „Абрамс“ може да се смета за негова предност. Според оценката на аналитичарот, 120 – милиметарската топовска цевка на овој тенк со муниција М829 со ураниумско јадро може да пробие 15 до 20 проценти подебел оклоп од 125-милиметарското орудие на Т-90 и „Тип-99“.

„Во целина гледано, Абрамсите со извесна резерва имаат најголем вооружен капацитет, додека како возила Тип-99 веројатно е најдобро заштитен со своите повеќенаменски системи. Тие се побрзи и имаат поголем пречник на дејства“, смета Роблен.

Рускиот тенк Т-90 (МЦ) е опремен со систем за заштита „реликт“, кој е со подобрен оптички нишан и помоќен мотор, поради што претставува конкуренција на американскиот и кинескиот тенк, заклучува аналитичарот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This