РУСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ ЌЕ ГИ ТРЕНИРААТ СРПСКИТЕ: Елитните спетцназ од ФСБ ќе ги тренираат специјалците на МВР на Србија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за полиција на Србија Небојша Стефановиќ најави дека утре, во рамки на проширувањето на соработката помеѓу Србија и Русија на планот на безбедност, ќе биде потпишан договор за соработка на српките единици за обезбедување и Феералната служба за заштита на Русија
specijalci_srbija

Стефановиќ денес во Москва разговараше со генералниот секретар на Советот за безбедност на Руската федерација Николај Патрушев за безбедносните аспекти на соработката, но и за она што може да ја загрози безбедноста на Србија и Руската Федерација, како и за тоа како двете земји можат да си помогнат.

„Веќе ја започнавме опсежната полициска соработка во претходниот период и имаме добра соработка и со Федералната служба за безбедност и со други безбедносни служби на Русија. Разговаравме и за тоа како да ги заштитиме граѓаните на двете земји од оние опасности кои се кријат, да речеме на интернет – што ќе биде тема на безбедносната конференција која оваа година се одржува во Русија“, рекол Стефановиќ.

„Добивме поддршка од РФ во нашето настојување да обезбедиме мир, стабилност, да се реализираат договорите врзани за ЗСО, но секако и зачувувањето на безебедноста на нашиот народ, пред се во оние делови на КиМ каде тие сега живеат и немаат потполна безбедност. Тоа е секако нешто за што Србија и РФ имаат единствен став и каде што ќе имаме поддршка од Русија во иднина“, оценува Стефановиќ.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This