Министерството за одбрана на Русија од денес ја прекинува соработката со САД во рамките на Меморандумот за спречување на инциденти на небото над Сирија, се наведува во соопштението.
Соборувањето на авионот на сириските Вооружени сили од страна на американската авијација во воздушниот простор на Сирија е цинично кршење на сирискиот суверенитет, соопштува Министерството за одбрана на Руската федерација
Руското Министерство за одбрана смета дека акцијата на САД против Вооружените сили на Сирија е фактички воена агресија.
„Повторувањето на воените акции на авијацијата на САД под изговор ,,борба против тероризам“ против легалните вооружени сили на држава членка на ОН е најгрубо кршење на меѓународното право и фактички е воена агресија на Сирија“, се наведува во соопштението.
Американската коалиција за борба против ИСИС предходно потврди дека соборила сириски авион Су-22 во провинцијата Рака, кој наводно фрлал бомби во близина на позициите на курдските сили. Дамаск соопшти дека сирискиот авион извршувал задачи против терористи.