САД ја употребија најмоќната ненуклеарна бомба во борбени услови, а цел биле терористите на ИСИС во Авганистан, соопшти денес Пентагон
„Нападот е изведен денес во областа Ачин во провинцијата Нангархар. Цел беа терористите на ИСИС, нивните тунелски системи кои ги користат за преместување. Употребена е бомбата ГБУ-43“, рекол претставникот на Пентагон.
Тој потврди дека таа бомба е најсилното ненуклеарно оружје кое САД го употребиле.
СПоред неговите зборови, бомбата е фрлена од авионот МС-130. Нејзината маса е 9.5 тони.
Бомбата е дизајнирана во 2002. година, а е во служба од 2003 година. Долга е преку девет метри, тешка преку 10.000 килограми и содржи 8.500 килограми ТНТ експлозив.
Бомбата е фрлена откако припадник на зеленатите беретки на САД бил убиен пред неколку дена во околината.