САД СО УЦЕНИ КОН СЛОВЕНИЈА: Мора да се одлучите дали со САД или со Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот амбасадор во Словенија, Брент Хартли во разговор за љубљанскиот неделник Reporter изразува зачуденост од благите ракции на Словенија во врска со нападот со нервен агенс во Велика Британија и порачува дека Љубана мора да донесе долгорочна процена што е нејзин интерес: „демократските вредности на Западот“ или, пак, „рускиот модел на општество“.

Во разговорот за неделникот близок на конзерватвината опозиција, американскиот амбасадор Брент Хартли изразува „зачуденост” од одлуката на Словенија да не се придружи на поголемиот дел земји членки на ЕУ и сојузниците во НАТО кои по нападот со нервен агенс во англиски Солсбери врз поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка ја обвинија Русија.

Хартли оценува дека на оваа „дипломатска иницијатива” на повеќето европски земји и членки на НАТО и партнерски земји како Македонија, треба да им се придружи и Словенија, како и дека за тоа „уште има време”.

„Русите покажаа дека се подготвени на дејствување коешто ја дестабилизира Европа или другите региони во светот”. Од голема важност од меѓународната заедница упати јасна порака до Москва дека таквите постапки се целосно неприфатливи”, вели Хартли, додавајќи дека и натаму треба да се има надеж дека односите со Русија ќе се поправат.

На прашањето за наклонетиот однос на Словенците кон Русите, вели дека е свесен за тоа и дека го „шокира проруската ориентација на поголемиот дел од Словенците”, пренесе во вторникот словенечката службена новинска агенција STA.

Министерот за надворешни работи, Карл Ерјавец, минатата седмица изјави дека на премиерот Миро Церар не му предлагал пргонување на некој од руските дипломати, бидејќи инцидентот во Салсбери уште не е истражен, како и дека засега тоа е нерасветлен и помалку бизарен случај.

„Словенија е самостојна држава, но би морала да донесе долгорочна процен што е нејзиниот интерес: демократските вредности на Западот или рускиот модел на општество”, порачува Хартли.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This