САМ ВО ПРАЗНА АМБУЛАНТИ:Успеал да се спаси од сигурна смрт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целосно сам во мала здравствена установа во изолиран дел од Австралија 44-годишен медицински техничар почувствувал дека има срцев удар и тргнал во акција. Неверојатно присебен, тој успеал да избегне сигурна смрт, објавија локалните медиуми. Болничарот, чие име не било објавено поради зашита на приватноста, почувствувал тешка болка во градите додека сам бил на работа во амбулантата во Корал Беј, на околу илјада километри оддалеченост од Перт.

Инаку, во амбулантите во оддалечените делови од Австралија медицинските сестри и техничари се обучени да обезбедат основна медицинска помош. Бидејќи другиот најблизок медицински објект се наоѓал на околу 150 километри оддалеченост, а во билизина немало некој што би му помогнал, човекот сам се приклучил на електрокардиограмот (ЕКГ) и според наодите сфатил дека поради згрутчување, минува низ срцев удар.

Резултатите му ги испратил на дежурниот лекар преку итната телемедицинска врска, а еден од нив разговарал со него и го советувал што да прави. Во своето тело инјектирал аспирин, аналгетик, антикоагулант (лек за разредување на крвта) и лек за ослободување од згрутчувањето. Се покажало дека лековите дејствувале и опасноста од удар исчезнала.

Следниот ден тој со авион бил пренесен во кардиолошка клиника во Перт, каде што му бил вграден стент во коронарната артерија. Два дена подоцна бил пуштен на домашно лекување.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This