March 28, 2024, 12:52 pm

СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ЗАВЕАНИ ВО СНЕГ: Економскиот Форум во Давос ги зароби светските лидери и економски магнати во снежна бура!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Швајцарскиот скијачки центар Давос во наредните три дена ќе ги собере околу илјада најважни и најбогати луѓе во светот, а за нивната безбедност ќе се грижат припадници на полицијата, восјката и најелитната безбедносна служба на светот, додека на врвовите на планините ќе бидат позиционирани снајперисти

Најважните луѓе ќе ги обезбедува и сопствена полиција.

Околу 5.000 војници го контролираат комплетниот простор околу зданието во кое ќе се одржува Форумот.

Просторот е поделен во четири зони за безбедност, во кој ќе може да влезе само оној кој има акредитација.

Не е тајна дека внатре во безбедносните прстени ќе има места и за снајперисти, кои, за секој случај ќе дежураат во три смени. Целокупната организација се случува во Граубинден и Швајцарија ќе ја чини дури 28 милиони швајцарски франци.

Сите акредитирани учесници на Форумот уште од слетувањето на било кој од аеродромите во Швајцарија ќе мора да помине низ проверки. Пред влезот во конгресниот центар, ќе поминат низ неколку скенери, а се што имаат со себе ќе се проверува.

Низ скенерите ќе поминат и самите учесници на собирот.

На жителите на Давос им се препорачува за време на одржувањето на Форумот да останат во своите домови.

На форумот ќе присуствуваат претставници на повеќе од 70 земји во светот, а најголема корист ќе има организаторот. Самитот, имено, нуди единствена шанса за ракување со извршни директори, водечки банкари и луѓе од Волстрит.

Што помоќна компанија, толку е поскапа нивната маса.

И американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде во градот со највисока надморска височина во Европа – 1.560 метри.

Неговата цел е на светот да ги претстави успесите на својата администрација, како и да се состане со многумина колеги од целиот свет.

Инаку, Давос отсекогаш важи за град во кој светската елита и џет-сет ужива да ги поминува слободните моменти. Поради тоа и цените на хотелите се одговарачки и не се менуваат ниту во време на одржување на Форумот. Во Давос постојат 78 хотели со 9.300 кревети во нив, но и 2.648 во кампови и хостели.

Соба во поскромен хотел чини околу 300 евра, но под услов да се резервираат седум ноќевања со доручек. Во таа смисла, оваа екскурзија на Зоран Заев ќе го чини буџетот на Р.Македонија неколку стотици илјади евра, имајќи ги во предвид патните трошоци но и трошоците за сместување на делегацијата и помошниот персонал од владата на Р.Македонија.

Овогодишниот Форум во Давос го плени вниманието на јавноста и затоа што светската елита западна во снежна бајка, имајќи во предвид дека градот е потполно завеан и бележи најголеми снежни наноси во последните 10 години.

Со обзир на тоа дека до крајот на јануари останаа уште неколку дена, снежната покривка би можела да ја престигне и онаа од 2012. година по количина на снежни наноси.

Просечната количина на снежна врнежи помеѓу 1981. година и 2010. година е 468 центиметри. Меѓутоа, таа бројка е во постојан пад во изминатите години, но во јануари оваа година беше и најголемата количина на паднат снег во последните 10 години.

Поради тоа освен сите политички лидери кои ќе претстојуваат во Давос, дефинитивно и снегот ќе предизвика воодушевување.

Токму снегот кој падна во голема количина во ова гратче ќе ги спречи и најавените протести на Зелената партија и швајцарските демократи. На овие политички групи им беше забранет митингот на улиците од организаторите на форумот поради недостаток на слободен простор за протести, токму поради снегот.

Првично било планирано политиките активисти да протестираат против доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп, кој треба да има завршен говор на Форумот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This