Екс-премиерот во техничката влада на Р.Македонија Емил Димитриев, ги повика свирачите да „бидат на штрек“ бидејќи денес е завршен и проектот за изградба на браната Пишница, проект започнат во 2015. година
„ Заврши градбата на браната Пишица во Пробиштип. Проект започнат со градба во 2015 година со вредност од околу еден милион евра. Останува само уште пуштањето во употреба, свирачи бидете на штрек !“ – напиша Димитриев на својот ФБ профил
Вчера, за време на свеченото пуштање во употреба на автопатот Демир Капија – Смоквица, владеачката партија организираше прослава со чочеци и блех музика, а градоначалникот на Скопје Петре Шилегов испратил полн двокатен автобус поддржувачи кои ја збогатија прославата со чочеци.