СДСМ ВРШИ ТЕРОР ВО ЗРНОВЦИ: Кандидатот за градоначалник  на СДСМ,  Ванчо Митев се заканува на сите вработени во институциите со бркање од работа после 29-ти октомври

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ во пресрет на вториот круг од локалните избори врши насилство и терор врз граѓаните на општина Зрновци. Не можејќи да се помири со фактот дека ги губи изборите кандидатот за градоначалник  на СДСМ,  Ванчо Митев се обидува со закани, уцени и поткуп да добие повеќе гласови. СДСМ со закани и уцени создава страв и паника кај граѓаните на Зрновци.

Граѓаните се во паника и јавуваат дека Митев се заканува на сите вработени во институциите со бркање од работа после 29-ти октомври.  Тој исто така се заканувал и на сопствениците на локалните фирми со  секојдневни државни инспекции и огромни казни доколку не победи  во вториот круг на изборите.

Во притисоците и заканите до граѓаните на Зрновци на Митев му се приклучил  и заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески кој деновиве пристигнал во општината специјално  да му помогне на кандидатот на СДСМ. Павлески вршејќи  злоупотреба на државниот апарат одел заедно со Митев  од врата на врата и се заканувале на секој кој не ги поддржува нивните политики.  Водејќи се од нивното правило државата да ја направат  партија,  а партијата држава СДСМ ги користи сите можни средства за да победи во вториот круг во оваа општина.

Како што дознаваме  уште во првиот круг од гласањето за да изврши притисок во Зрновци, СДСМ ја активирале правната комисија од Кочани. Адвокатите од комисијата  предводени од  адвокатот Благој Јованов  во текот на целиот ден на гласање ги следеле,  фотографирале и уценувале сите политички неистомисленици . Граѓаните биле уценувани дека ако не победи Ванчо Митев, фотографираните лица се првите  кои ќе бидат на удар и ќе ја изгубат својата работа

Исплашените граѓани во реагираат дека ова е се само не демократија и слободно изразување на волја. Тие апелираат до сите можни државни и меѓународни фактори меѓу кои и претставниците на ОБСЕ и Европската Унија да им помогнат и да го спречат овој терор кој им го врши кандидатот на СДСМ, Ванчо Митев помогнат од владата на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This