СДСМ ГО ПОГРЕБА ЗДРАВСТВОТО: Хаос во здравството, нема доктори, нема лекови,инсулин….

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во поликлиника Ѓорче Петров во дежурна служба нема ниту доктори, ниту хигеничари. Доаѓаат пациенти и се враќаат… за повеќе гледајте и сами во видеото.

Вакво е сведоштвото на еден граѓанин, кој дава само еден пример за хаотичната ситуација во здравството по доаѓањето на Зоран Заев и СДСМ на власт, кои најклучниот ресор го оставија без министер со месеци.

Додека здравството е во агонија, Заев тера политика и коалиции. Пациентите умираат, нема лекови и инсулин, хаос на секаде, а за СДСМ важен е само непотизмот.

Иако на неколку наврати беше ветувано дека ќе има нов министер за здравство, ветувањето не беше исполнето и претседателот на Владата на Република Македонија го остава здравството и пациентите во агонија.

Заев најпрво вети дека нов министер ќе се постави после изборите, потоа се премисли и нов министер за здравство требаше да добиеме после први декември, за на крај претседателот на Владата повторно да се премисли и во својата последна изјава најави дека за нов министер на здравство ќе се одлучи веднаш по враќањето од Приштина.

Десетици илјади граѓани кои секојдневно имаат потреба од здравствени услуги се соочуваат со хаосот кој Владата на Заев го предизвика во секторот здравство.

Заев и Ахмети си тераат политика, СДСМ преговара со ДУИ, а безредието во здравството очигледно е на дното на листата проблеми за решавање.

Во клиниките низ Македонија владее самоволие и партиски поставените директори прават што сакаат, на грбот на пациентите. Граѓаните разбирливо се во страв и паника дека во вакво здравство не можат да ја добијат услугата која им е потребна.

Ветувањата на Зоран Заев за подобро здравство се покажува дека биле чиста лага во обид да се дојде до гласови плус на изборите. За оваа Влада очигледно не е важно здравјето на граѓаните откако тие ќе им го дадат гласот.

Додека Заев размислува со кој албански коалиционен партнер да преговара за оваа функција,треба да знае дека најголемата одговорност е кај него. Министерството за здравство во моментов има заменик на министерот кој всушност не постои, па затоа и тој е втор на листата кој треба да понесе сериозна одговорност за состојбата на најважниот сектор во земјава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This