April 23, 2024, 12:00 pm

СДСМ НЕМА ХРАБРОСТ ДА СЕ ОСМЕЛИ: Ристо Никовски смета дека СДСМ нема да се осмели нелегално да избере претседател на Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сегашната ситуација во Собранието е нешто што е во цел свет можно, се случува, ако сакате и реално. Дебати, неограничени дебати и така се води една парламентарна борба, за секој да си го наметне она што смета дека е поправично, покорисно итн. Го имало во Италија, го имало во бројни земји, изјави во гостувањето во вестите на ТВ Нова, поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

 

risto-nikovski-640x363

Во светот, во западните земји, нема бојкот на собранието, вели Никовски, што кај нас беше на пример после последните избори во 2014 една реалност и која де факто ја креираше целата оваа криза.

„Од друга страна, ако опозицијата, односно сегашното мнозинство кое на некој начин помина во собранието, се обиде да избира претседател, да избира влада на еден нелегален начин, надвор од Уставот и од деловникот на собранието, тоа ќе биде катастрофално и мислам дека нема да се осмелат на такво нешто, и мислам дека никој од нивните западни поддржувачи кои стојат зад нив нема да дозволат такво нешто“, рече Никовски.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This