СДС ВЕТУВАШЕ И ВО СТРУМИЦА, А ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ НА УЛИЦА: ВМРО-ДПМНЕ од Струмица на прес конференција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО ДПМНЕ – Струмица, денес одржа прес конференција на која како што истакна претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ од Струмица , Владимир Ристов, мандатот на актуелната локална самоуправа предводена од СДСМ кој е при крај, не ги донесе најавените проекти, а граѓаните на општината останаа изманипулирани.

 

-Додека СДСМ се занимава со прашања штетни за македонскиот идентитет и нација, додека се занимава со монтирани судски случаи, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потсети за нивните нереализирани проекти во Струмица, истакна Ристов.

Во продолжение интегралниот текст од прес конференцијата на ВМРО – ДПМНЕ во Струмица :

Почитувана македонска јавност,

ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори во 2013 ги предупреди граѓаните на Струмица дека начинот на работа на СДСМ и нивната Програма за Струмица се состои од празни зборови на хартија без конкретни проекти, финансика конструкција и временска рамка.

Мандатот на актуелната локална самоуправа предводена од СДСМ е при крај, проектите останаа нереализирани, а граѓаните на општина Струмица останаа изманипулирани.

И додека СДСМ се занимава со прашања штетни за македонскиот идентитет и нација, додека се занимава со монтирани судски случаи, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потсети за нивните нереализирани проекти во Струмица.

Денес, се наоѓаме во поранешната касарна на АРМ, која според програмата на СДСМ требаше да биде најмнодерно урбано место со изграбна на многу објекти од јавен карактер како противпожарна станица, отворен пазар, повеќенамески игралишта и други.

На ова местото СДСМ и поранешниот градоначалник, а сегашен Премиер Зоран Заев ветуваа и изградба на „Мултифункционална хала за саеми и концерти“. Во програмата на СДСМ стои дека во текот на нивниот мандат ќе изградат многу големи и иновативни проекти за Струмица, а меѓу нив и повеќенамеска сала. Мултифункционалната сала според ветувањето на СДСМ требаше да биде нов архитектонски симбол на Струмица, а со својата големина од 5000 метри квадратни требаше да биде објект од исклучителна важност за Југоисточниот регион, кој ќе го посетуваат голем број туристи. ,,Изградбата на повеќе намеската сала ќе придонесе за нов квалитет на живеење во Струмица” – стои во програмата на СДСМ.

Еве како се реализират и организира животот во Струмица, па реално е да се постави прашањето како ќе се реализираат проектите од програмата “ЗА ЖИВОТ” во Македонија.

Слично како и во новата програма на Владата , и во Струмица во 2013 СДСМ ветуваше многу но, малку реализираа.

Тоа е образот кој СДСМ го имаат пред граѓаните на Република Македонија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This