СДС СИ ИЗГЛАСА ДВОЈАЗИЧНОСТ БЕЗ ОПОЗИЦИЈА: Ќе го потпише ли законот за двојазичност и Иванов, како што ги прифати и гаранциите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што кажа Иванов во новогодишното обраќање, со овој закон, заради краткорочни политички поени се доведуваат во прашање трајните интереси на Република Македонија и македонскиот народ.

Денеска во Собранието на Република Македонија пратениците со 66 гласа ЗА и ниту еден против или воздржан го изгласа Законот за јазиците, во Собранието не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Околу овој закон во своето новогодишно обраќање пред пратениците во Собранието зборуваше и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Сега се поставува прашањето дали Иванов ќе го потпише овој закон.

Како што кажа Иванов во новогодишното обраќање, со овој закон, заради краткорочни политички поени се доведуваат во прашање трајните интереси на Република Македонија и македонскиот народ.

-Прво, барањето за двојазичност е апсолвирано со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, кој произлезе од Рамковниот договор, каде се регулира прашањето за службениот јазик во Република Македонија. Колку што е опасно неспроведувањето на Рамковниот договор, толку е опасно и излегувањето од рамката што тој ја предвидува. Ќе потсетам дека Република Македонија е унитарна држава на сите нејзини рамноправни граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, христијани, муслимани, Евреи и атеисти. Тоа е она по што сме различни од другите, изјави Иванов во новогодишниот говор во Собранието.

Како што кажа претседателот Иванов, второ, за еден предлог-закон да има европско знаменце неопходно е да постои европска директива што налага усогласување на македонското законодавство со законодавството на Унијата.

-Таква директива не постои. Со овој закон Република Македонија ќе стане можеби единствената европска држава која сама си поставува услови за членство во Унијата кои никој не ги бара. Трето, нема прецизна терминологија околу тоа што е официјален јазик, службен јазик и јазик во службена употреба. Ваквата непрецизност неминовно ќе се одрази на имплементацијата, изјави Иванов во говорот во Собранието.

Како што кажа Иванов под четврто законот бил репресивен.

-Петто, оние кои тврдат дека предлог-законот е во согласност со Уставот и законите, ќе ги прашам: во согласност со чиј Устав и чии закони? Како Претседател во мојот Кабинет имав консултации со правни експерти, уставни судии, академици, универзитетски професори, лингвисти. По извршените консултации можам да кажам дека Законот за јазиците не преставува закана по македонскиот јазик. Тој преставува закана по унитарноста на државата. Овој предлог-закон го крши најголемиот закон на државата, а тоа е Уставот на Република Македонија. Кога ќе се прекршат големите закони, не добивате ниту слобода, ниту анархија. Наместо тоа, добивате многу мали закони за да го оправдаат кршењето на големите закони, кажа Иванов во говорот.

Иванов кажа наместо во духот на дијалогот, вклученост и соживотот да градиме мултиетничко општество преку општоприфатени закони, ние носиме репресивни закони без политички дијалог, без вклученост на научната и експертската јавност.

-За прашања кои задираат во унитарниот карактер на Република Македонија, за прашања кои задираат во правата и надлежностите на системските закони, мора да постои вистинска јавна дебата и најширок можен консензус, кажа Иванов во новогодишното обраќање.

Иванов тогаш порача дека охрабрува што новата Влада најави дека конечно, во 2019 година ќе се спроведе попис на населението. Како што кажа тоа ќе ни овозможи да добиеме реална слика за внатрешно-политичка состојба и основа за правата и обврските на граѓаните и државата.

-Мојата одлука за Законот се заснова врз дадените писмени гаранции за заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Република Македонија. Законот за употреба на јазиците мора исклучиво да биде во согласност со Уставот и усогласен со законите на Република Македонија. Јас сум Претседател на сите граѓани и сакам унапредување на употребата на јазиците на сите заедници, вклучително и на албанскиот јазик. Затоа, ги повикувам лидерите на сите парламентарни партии прво да ги слушнат експертите и да направат квалитетен закон што нема да биде оспорен, кажа Иванов во новогодишното обраќање.

Тој ги повика лидерите да направат закон што ќе понуди сеопфатно решение што вистински ќе ја унапреди употребата на јазиците, без притоа да создава поделби.

-Денес, со примена на современи технологии и дигитални платформи веќе има и решение за унапредување на употребата на јазиците без притоа да се предизвика бирократска парализа и поделба. Само така сите ние од овој процес ќе излеземе и посилни и посплотени, изјави претседателот на Република Македонија на годишното обраќање во Собранието на Република Македонија, кажа претседателот Ѓорге Иванов во новогодишното обраќање.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This