СДС СО ПОГРДНИ ЗБОРОВИ И НАВРЕДИ ДО ТУРЦИЈА И ЕРДОГАН: Неверојатни навреди и плукање по Турција и претседателот Ердоган!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Плусинфо, главниот сајт во промоцијата на Зоран Заев и СДСМ финансиран од Сорос фондацијата, денеска како една од главните вести го објавува соопштението на соросовата организација „Цивил“, предводена од активистот на „Шарената револуција“ Џабир Дерала.

 

Порталот Плусинфо е под уредништво на главниот медиумски стратег и еден од главните идеолози на СДСМ, Бранко Героски.  Соопштението на „Цивил“ е полно со навреди кон Турција, правото на избор на турскиот народ и со омаловазување кон 300 загинати кои го спречија пучот минатата година во Турција.

Ваквото однесување на соросовите медиуми, но и на дел од раководството на СДСМ ги повредуваат чуствата на Турците кои живеат во Македонија. Молчење од страна на СДСМ и нивниот претседател може да значи одобрување на вакви постапки со што ако продолжи ваквиот тренд во иднина би можело да дојде и до нарушување на односите помеѓу Македонија и Турција.

Турција жали за жртвите, а тајфата на СДСМ продолжува со срамната хистерија и омразата кон изборот на Турците
Еден од главните Сорос активисти и поддржувачи на СДСМ Џабир Дерала на својот Фацебоок написа…

-Ердоганистите во Македонија го прославуваат крвопролевањето и диктатурата во Турција. Бојкотирајте го овој бизарно случување! Слобода за Турција!, напиша Дерала.



Џабир Дерала од невладината Цивил земал огромни пари од СОРОС, во времето на СДСМ земал и државни пари а фигурира и во неколку невладини организации од македонското политичко подземје. Тој се разоткрива како еден од главните соросоиди кои за интересетие на СДСМ се претсавува како НВО сектор, објави неодамна ТВ „Сител“.

– Дерала и неговата организација Цивил за само 3 години од 2011 до 2014 пријавиле приход од дури 524,569 евра. Според економските експерти, за овој временски период ни поуспешните средни компании не заработуваат толку, се вели во прилогот на ТВ „Сител“

На иста линија во хајката против Турците и нивниот претседател Ердоган е Каролина Ристов Астеруд, која излезе со отворена поддршка на постот на левата активистка Катерина Колозова во кој вели:

-Кој допуштил црвени ко крв плакати да ја слават ланската победа на диктатурата на Ердоган потопена во крвта на десетици илјади неистомисленици?


Скандалозно е што насловната фотографија на Катерина Колозова на нејзиниот Фејсбук е терористот Абдула Оџалан, кој што е виновен за смртта на илјадници цивили, војници и полицајци во Турција, а Каролина Ристова Астеруд од СДСМ дава поддршка токму на таквите постови и коментари.


Во хајката против Турција се вклучија новинарите кои беа логостика на СДСМ за доаѓање на власт како Сашка Цветковска, Владо Апостолов и Тања Милевска.


Саше Политико од СДСМ со навреди и срамен говор на омраза кон Турците и претседателот Ердоган: „Решете го диктаторското копиле“
Еден од главните ПР стратези на СДСМ, Саше Политико односно Саше Ивановски, кој е голем пријател и поддржувач на Зоран Заев преку својот Фејсбук профил и порталот Мактел.мк упати срамни навреди кон Турција, турскиот народ и претседателот Реџеп Таип Ердоган.

-Ајде браќа Турци, решете го диктаторското копиле Ердоган, пишува Ивановски на Мактел.


Овој срамен повик од ПР стратегот на СДСМ претставува директен повик на насилство и крвопролевање во Турција, како што беше во 2016 година за време на Пучот кога во една ноќ загинаа околу 300 луѓе, а беа повредени околу 2.100 лица, најмногу невини цивили.


ATTENTION EDITORS – VISUAL COVERAGE OF SCENES OF INJURY OR DEATH – People react as bodies draped in Turkish flags are seen on the ground during an attempted coup in Ankara, Turkey July 16, 2016. REUTERS/Stringer ATTENTION EDITORS – THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY. EDITORIAL USE ONLY. NO RESALES. NO ARCHIVES. TURKEY OUT. NO COMMERCIAL OR EDITORIAL SALES IN TURKEY. TEMPLATE OUT


Сајтот Мактел.мк е еден од најголемите промотори на СДСМ, Заев и Шекеринска, со секојдневни колумни на Саше Ивановски, базирани на брифинзите кои ги добива во седиштето на СДСМ.

Финансиска поддршка за порталот Мактел.мк дојде пред неколку години од фондацијата на Џорџ Сорос, со која во Македонија тогаш раководеше Владимир Милчин.


Инаку, минатата 2016 година Саше Ивановски беше еден од многуте мегафони до СДСМ и Сорос кои го поддржаа крвавиот пуч во Турција, кога загинаа многу цивили.


Помина 1 година од срамот: Следбениците на СДСМ и СОРОС дадоа полна поддршка за пучот во Турција, додека истата вечер цивилите во Турција масовно гинеа и крвареа
Истата вечер мегафоните на СДСМ и СОРОС дадоа силна поддршка на пучот и на тие кои што пукаа во илјадници цивили, при што загинаа околу 300 луѓе, а околу 2,200 луѓе беа ранети.

Социјалдемократскиот сојуз и приврзаниците на СДСМ минатата година се шегуваа на сметка на обид за државен удар во Турција, во кој загинаа околу 300 лица, и повикуваа да се случи и на наша глава.

Пратеничката на СДСМ Лидија Димова, наместо да се залага за интерсите на граѓаните на Македонија, посака настаните од Турција да се случат и на наша глава.


Покрај неа, и опозицискиот колумнист Ивор Мицковски, се огласи на Фејсбук по обидот за Пуч во Турција и напиша дека нема ништо недемократско во државен удар, при тоа правејќи шеги за Македонија.


Меѓу оние кои го поддржаа обидот за пуч во кој загинаа 200 лица се најдоа и Софија Куновска, Јани Макрадули и Ѓорѓи Спасов.


Статуси напишаа и Павле Богоевски, Уранија Пировска, Едмонт Адеми и Никола Наумовски.


Инаку мегафоните на СДСМ и СОРОС освен целосната поддршка за пучот минатата година, периодов жестоко ги нападнаа турскиот народ, муслиманите како и претседателот на Турција Ердоган. Едни од нив се и новинарката Билјана Секуловска, Јани Макрадили како и Каролина Ристова Астеруд од СДСМ.

СРАМОТА: Мегафоните на СДСМ со жестоки напади кон сите жени муслиманки со марама: „Ало бе мајсторе, држиш забулена жена“
Ова е жестока навреда од гласноговорниците на СДСМ за многу Албанки, Турчинки, Македонки со исламска вероисповест, Ромки, припаднички на бошњачката заедница…

Мегафоните на СДСМ/Сорос тргнаа во отворена хајка против сите жени од исламска вероисповест кои од верски причини и лични убедувања носат марама на главата. Таков е и доскорешниот шеф на центарот за комуникации на СДСМ Ивор Мицковски.

Мегафонот на СДСМ на неговиот фејсбук профил директно се обрати до Мухамед Зекири и неговата сопруга, но и до сите жени муслиманки кои носат марами:

„Зекири, за кој ку*ац ќе ни се социјалдемократи ко тебе. Ало бе мајсторе, држиш забулена жена… Заостанато општество… Иди у Саудиска Арабија…“.


Ова е отворена навреда кон сите жени со исламска вероисповест, кои се нечии баби, мајки, сопруги, сестри или ќерќи и кои порано или сега носат марама на главата.

Ваквиот став на Мицковски од СДСМ има полна поддршка од поддржувачи од неговата партија. Оние кои имаат стиснато лајк на статусот на Мицковски со својата јавна поддршка се поддржувачи на овој говор на омраза кон муслиманите, особено кон муслиманската жена.

На ваквиот скандалозен пост, Мицковски има 77 лајкови, меѓу кои голем дел отворени поддржувачи на СДСМ и Зоран Заев и учесници во Шарената револуција како Љуми Бекири, но и коалициони партнери на Заев како Ивон Величковски.


Ова е жестока навреда од гласноговорниците на СДСМ за многу Албанки, Турчинки, Македонки со исламска вероисповест, Ромки, припаднички на бошњачката заедница…

СРАМОТА: Ристова-Астеруд од СДСМ во хајка против сите муслимани: Исламот ќе донесе огромно зло, исламот е опасен непријател, таму има бајаги фашизам и бајаги нацизам
Каролина Ристова Астеруд од СДСМ во својот најнов Фејсбук пост продолжува со срамни и жестоки навреди врз сите муслимани во Македонија, односно Албанците, Турците, Македонците муслимани, Ромите, Бошњаците и сите останати муслимани.


Каролина Ристова Астеруд беше долги години пратеник до редовите на СДСМ во Собранието на Република Македонија, како и член на највисоките тела на СДСМ-извршниот одбор и централниот одбор.


Во најновиот Фејсбук пост на Астеруд се вели:

-Кога религијата во прашање е исламот како религија (било која негова верзија), тоа се вика политички ислам/исламизам. Го советувам авторот на текстот да си го проучи убаво, и што се „марифетлуци„ и „правци“ има во таа политичка идеологија и движење, а богами негде и партии, воени организации, терористички организации, па и цели држави или самопрогласени држави (т.е калифати), па каде се се распространети, како делуваат во и наспрема политиката, кои им се „мирните„, а кои „насилните“ модуси операнди, кои и какви се не им се амбициите, пишува во постот Астеруд.

Астеруд во својот пост на Фејсбук, исламот го споредува со историскиот фашизам и нацизам.


-Напишав и претходно, ќе напишам и сега, политичкиот ислам е исто толку опасен како и она што го „знаеме“ и „препознаваме“ подобро како Европјани, како лекции од историјата, имено, историскиот фашизам и нацизам, и, следствено, така треба да се третира. Башка, во дел од своите правци, политичкиот ислам има и бајаги фашизам, и бајаги нацизам да се најде, онака, со сите нишани, и за самите муслимани, уште повеќе за немуслиманите, инфиделите. И, не, не е сето тоа „таму некаде, а не и овде, нема шанси, пишува во постот Астеруд.

Астеруд во својот пост исламот го нарекува и непријателски.

-И, не, не е сето ова што го напишав никаква (само) „левичарска ортодоксија“, туку и на сите легални евро идеологии, ма сам уставно-правен поредок на земјата, на Европа, а на кои политичкиот ислам им е директна антитеза, опасен идеолошки и политички непријател, и, кој, доколку не наидува на сериозна осуда, не наиде на сериозен отпор, и меѓу муслиманите, и меѓу немуслиманите, ќе и донесе на оваа наша земја и сето нејзино граѓанство огромно зло.

Сорос новинарката Билјана Секуловска блиска до Заев со навреди кон Куранот и Библијата, кон христијаните и муслиманите, кон Алах и Господ

Сорос новинарката Билјана Секуловска во својот Фајсбук пост упати директна навреда кон христијаните и муслиманите, со конкретно омаловажување на Куранот и Библијата, со цинизам кон Алах и Господ.

Во својот ФБ пост Билјана Секуловска вели:

„Чеда мои наивни. Многу сериозно го сфаќате Куранот. Потпис: Алах. Да дополнам: Многу сериозно ја сфаќате Библијата. Потпис: ГоспоТ.“

Ваквиот став на Билјана Секуловска наиде на осуди, особено Албанци кои гласале за СДСМ.

Во своите коментари тие ја запрашуваат како не и е срам да се зафркава со нечија религија.

Овие навреди на Билјана Секуловска кон христијаните и муслиманите, односно Библијата и Куранот добиле поддршка од 105 активисти на СДСМ и Шарената револуција, меѓу кои Емил Кирјас од ЛДП, ЛГБТ активистите Кочо А. и Луми Б, Лени Фрчкоска и други.

Теловска за Алфа: СДСМ и Макрадули веднаш да се извинат за срамната и скандалозна изјава и ширењето на говор на омраза кон Турција и претседателот Ердоган
Ова е навистина скандалозно, за мене е непрофесионално и не политички, бидејќи се работи за Турција, а знаме Турција каква поддршка и дава на Македонија, за мене лично ова е и говор на омраза и тоа не кој било граѓанин, туку заменик министер од редовите на СДМ да упатува поддршка на вакви навредувачки зборови со вакви навредувачки изрази кон Турција и кон претседателот Реџеп Таип Ердоган е крајно неприфатливо и тие би требало веднаш да се извинат, вели Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ за ТВ Алфа.


-Нашата партија има членови од сите етнички заедници кои што живеат во Македонија и не само јас и другите членови ќе бидат задоволни ако во иднина имаме уште поголем број на Албанци и други етнички групи. Јас се надевам во иднина дека ќе продолжи таквата политика на ВМРО-ДПМНЕ како една партија која што обединува и сплотува, потенцираше Теловска.

Таа истакна и дека тие се грижат за мултикултурниот живот во нашето општество.

-Македонија е унитарна држава и не би смеело да се дозволи ниту една постапка да ја нарушила таа унитарност, секое фаворизирање на две етнички заедници би ги ставиле во сенка сите други и би ги дискриминирале останатите припадници на етничките групи. Навистина би било многу штетно Македонија да се расцепкува и не би смеело да се федерализира истата, порача Теловска.

Хасани до Макрадули и СДСМ: Треба да му се извините на турскиот народ и претседателот Ердоган
Не можам да разберам зошто владеачкото мнозинство не штеди на навреди кога е во прашање Турскиот народ и претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, напиша на Фејсбук Јусуф Хасани од Демократската партија на Турците.


Оваа реакција на Хасани уследи откако заменик министерот за животна средина од, Јани Макрадули упати силна навреда до Турците и до турскиот претседател Реџеп Ердоган за Рамазан Бајрам.

Преку Фејсбук Макрадули даде отворена поддршка и согласување со постот на Ивор Мицковски, екс шеф на центарот за комуникации на СДСМ каде што на Турците и на турскиот претседател Ердоган им порачуваат:„Е стварно сте мајмуни“

„Не можам да разберам зошто владеачкото мнозинство не штеди на навреди кога е во прашање Турскиот народ и претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.

Треба да сфатите еднаш засекогаш дека Ердоган е најголем пријател на Македонија и лидер кој успеа да ја врати својата земја во лидерска позиција не само во регионот, туку и пошироко. Не можам да разберам лидер на една земја која последните неколку години контуинирано е најголема донаторска држава во светот, со што заслужи да се нарекува “мајмун”. Изгледа сакате да го изгубите и единствениот поддржувач на Македонија во НАТО и тоа без уценувања и потценувања.

Се сеќаваме и на 15 јули и на вашите коментари слични на овие за време на обидот за пуч во Турција. Не можам да ве разберам, како си дозволувате како “еволуционирани демократи” да ја навредувате една цела нација која е дел о нашето заедничко општество, и претседател на најголемата пријателска држава кој е избран на демократски избори. Мислам дека треба да се извинете на Турскиот народ и претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, и тоа без задоцнување.“, се вели во неговиот пост.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This