March 29, 2024, 12:33 pm

СЕВЕРНОКОРЕЈСКАТА КРИЗА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА: Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ја повика војската да биде подготвена за воен судир со Северна Кореја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот секретар за одбрана, генерал Џејмс Матис изјави дека е невозможно да се предвиди што носи иднината во врска со севернокорејската криза, но ги предупреди воените сили да бидат подготвени за воена конфронтација со Ким Џонг-ун.

Тој истакна дека Трамп се обидува да дојде до дипломатско решение, но дека војската мора да биде „подготвена“.

Неговите предупредувања доаѓаат по стравувањата дека Северна Кореја планира утре да детонира или лансира нуклеарна бомба, со оглед на тоа дека е годишнина од основањето на Комунистичката работничка партија и почеток на владеењето на династијата Ким. Американските медиуми предупредуваат дека ваквите годишнини во многу земји се одбележуваат со воени паради, но стравуваат дека Ким може да се одлучи за нешто многу поголемо.

– Во тек се дипломатски напори, економски санкции, се со цел да се одврати Северна Кореја од овој пат, рече Матис на конференција во Вашингтон.

– Што ни носи иднината? Ниту вие, ниту јас можам да кажам. Но има една работа која американската армија може да ја направи: Бидете подготвени да осигурате воена опција која Претседателот ќе може да ја примени, доколку биде неопходно, истакна Матис.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This