СЕГА ИМА ИЛИ НЕМА ГРЕШКИ ВО ПРОЕКТОТ: Откако си направија есап, потпишаа анекс на договорот за продолжување на проектот започнат од ВМРО-ДПМНЕ за автопатот до Штип!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата и кинеската фирма „Синохидро“ денес потпишаа анекс на договорот за продолжување на рокот за изградба на автопатот Миладиновци-Штип.

„Автопатот Миладиновци – Штип согласно претходниот договор требаше да биде завршен до 1 мај 2017 година, но за жал не беше завршен во предвидениот рок. Наша цел е да се заврши оваа делница во легална процедура, Собранието ги донесе неопходните законски измени и дополни, а денес го потпишавме и анекс договорот со кој се продолжува изградбата на делницата Миладиновци – Свети Николе – Штип до 30 септември 2018 година“, рекоа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески после потпишувањето на анексот.

Претходно, владата на нелегално избраниот премиер Зоран Заев тврдеше дека трасата била погрешна, и имало недостатоци во проектот. Со потпишувањето на анексот, всушност владата признава дека такви грешки воопшто не постоеле.

Јавноста се прашува дали Кочо Анѓушев имал вмешано прсти во оваа „зделка“ и дали вршел притисок за потпишување на нов договор во кој, тој би имал директна корист.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This