СЕГА И „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МОТОРИ“: По лимузините, “Кортеж” ќе произведува луксузни мотори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската компанија “Ростех”, која ја произведен лимузината “Кортеж” во која се вози рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за нова серија на производи – односно луксузни мотори, а се очекува дека првата серија ќе биде претставен на јавноста следната година.

Според шефот на компанијата “Ростех” Сергеј Чемезов, веќе ги имаат завршено поединечните тестови, но има уште некои работи да ги завршат, па затоа е невозможно да ги пуштат во производство оваа година.

“Прототипот веќе постои, сега е на нас да направиме иновативен производ во согласност со сите безбедносни барања”, рече тој.

Проектот “Кортеж” подразбира изработка на низа модели на репрезентативни атомобили – лимузини, патнички автомобили, џипови и комбиња за државни службеници.

За прв пат Путин се возеше во новата лимузина на претседателската инаугурацијата оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This