СЕГА И САМИ ГО ВАДАТ ВАЛКАНИОТ ВЕШ: Душко млекарот од СДСМ Битола открива како Кирацовски направил хациенда спроти „Епинал“ и си купил нов автомобил!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И најголемите поддржувачи на СДСМ разочарани од работата на новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев. Поранешни пратеници и едни од лицата кои беа главни во предизборието за СДСМ, сега жестоко тргнаа против раководството на владеачката партија, обвинувајќи дека се заборавени од нив.

Душан Илиевски, познат како Душко млекарот од Битола, жестоко удри по генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Душко млекарот прашува како Кирацовски со кредит од 30 илјади евра успеал да изгради хациенда и да купи нов автомобил, а пред да стане потпретседател како што пишува Душко на Фејсбук, возел искршен автомобил.

Покрај Душко, по раководството на СДСМ удри и поранешниот канидат за пратеник на сега владеачката партија, Зоран Ивановски, кој ја прозива Шеќеринска и вели дека бил заборавен Душко млекарот и многу ваши кадри. Во фотографијата која Ивановски ја има објавено на Фејсбук, Душко вели дека Шеќеринска во Битола убедувала да се стрпат луѓето до октомври.

Млекарот Илиевски, пред нешто помалку од еден месец, на Фејсбук обвини дека доколку го побараш пратеникот Ковачевски, за некаква помош, тој е презафатен, а кога треба да договори некоја добра зделка си седнува во кафана.

Покрај Ковачевски, Илиевски го повика и Кирацовски да му одговорат на пораките, а не да се кријат од оние со кои беа заедно соборци.

Инаку во кампањите на СДСМ за враќање на власт, Душко млекарот беше еден од главните лица кои сите од раководството на СДСМ го користеа за политички поени, а сега очигледно кога веќе не им е потребен заборавија на него.

Генералниот секретар на СДСМ Кирацовски секој ден во ресторан јадел и пиел на државна сметка, потрошил 89 илјади денари, односно 11 минимални плати

Додека Александар Кирацовски бил заменик министер за администрација и информатичко општество речиси секој работен ден јадел на државна сметка.

Дополнителниот замнеик министер од СДСМ, Александар Кирацовски, на државна сметка најчесто јадел во кафеаната „Букет“ која се наоѓа веднаш до министерството.

Тој од февруари до декември 2016-та година за угостителски услуги потрошил речиси 90 илјади денари, од кои највисоката фактура на месечно ниво изнесува 27.400 денари.

Според фискалните сметки, произлегува дека, на пример во месец март, Кирацовски речиси секој ден јадел на државна сметка во ресторанот „Букет“ најчесто нарачувајќи чорби, сок, салати и кафе.

Според дел од сметките во неколку наврати биле нарачувани и алкохолни пијалоци.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This