March 29, 2024, 12:33 pm

СЕГА НА УЛИЦА СЕ ЧЕСНИТЕ ГРАЃАНИ: Сега на улица се граѓаните ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, а не оние кои крадеа, палеа и кршеа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните денеска повторно поминаа по познатата маршута и покрај народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Богдан Илиевски, еден од главните организатори на граѓанската иницијатива, повторно му порача на Иванов дека додека тој го брани уставот, граѓаните ќе го бранат него

bogdan-ilievski-2-2-640x329

-По 45-ти пат доаѓаме тука, пред народната канцеларија на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, тоа е единствениот човек кој има право да дава мандат за формирање влада во оваа држава и тоа е едиствениот човек кој во моментов вели „НЕ“ за мандат на тиранската платформа, не за кршење на Уставот, не за поставување на Македонија на патот од кој нема враќање, патот кон федерализација. Претседателе Ѓорге Иванов, ве поздравуваме и денеска ви повторуваме, се додека вие го браните Уставот на оваа земја, ние ќе сме тука на нашата патека и ќе ве браниме вас и суверенитетот на Република Македонија, му порача Илиевски на претседателот Иванов.

Илиевски се осврна и на „Шарената револуција“, која лани ја демолираше целосно народната канцеларија претседателот Иванов, која беше отворено токму поради граѓаните кои денеска протестираат за зачувување на унитарноста и суверенитетот на Република Македонија.

-Пред точно една година, на 12 април лани, оваа канцеларија беше ограбена, запалена, искршена, потполно руинирана. Но работите се променија, сега не се на улица луѓето кои што тврдеа дека се борат да соборат режим, а сега едвај чекаат да коалицираат со албанскиот партнер на т.н. режим, сега се на улица граѓаните за заедничка Македонија и оваа канцеларија е институцијата штитена од сите нас, така и ќе биде, изјави Илиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This