March 28, 2024, 10:53 pm

СЕКОЈА ЧЕСТ, ВЛАДИКО: Државата ни ја претворија во вазал и службеничка на туѓи интереси, а во разнебитувањето учествуваат и лица од црквата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето послание по повод осветувањето на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, владиката Агатангел се осврнува на борбата за правото на сопствен национален и црковен идентитет, за правото на сопствена култура и духовно развивање.

„Дојдено е време кога повторно ги преживуваме несреќите од нашата историја. За жал, денес повторно царуваат неслогата, омразата, цинизмот и недоразбирањето меѓу македонскиот народ, а таквата состојба вешто ја користат и непријателите на оваа земја, но и домашните опортунисти“, нагласува владиката.

Тој предупредува и дека како генерација сме на работ да го предадеме и погазиме сето она што со многу труд, откажување и жртва го спечалиле нашите славни и храбри великани.

„За грст сребреници и краткотрајни овоземни блага, некои се подготвени да ги уништат, ничкосаат и погазат најсветите и највредни народни придобивки и обележја, кои од памтивек нѐ карактеризираат и идентификуваат како македонски народ. Државата ни ја претворија во вазал и служителка на туѓи интереси. Македонецот и македонските права не само што не се заштитени туку и се исмеваат и го понижуваат секој што јавно ќе се осмели да зборува за нив. За обична минлива власт или за краткорочни интереси, без трошка совест, газат врз храбрите идеали на нашите предци и првенци во борбата за национална слобода и самобитност. Ним им се придодаваат и луѓе од црквата, затскривајќи се и користејќи го нејзиниот авторитет, макотрпно граден илјадници години. Но се лажат ако мислат дека нѐ надмудриле, превезувајќи нѐ жедни преку река“, нагласува владиката Агатангел.

76 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This