СЕКРЕТАРКАТА НА ВАНЧО МИХАЈЛОВ: „ЕДИН НАРОД В ДВЕ ДЪРЖАВИ!“ – Македонската армија прогласена за бугарска и од Вида Боева

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„ЧЕСТИТ ПРАЗНИКА НА ХРАБРОСТТА – СВЕТИ ГЕОРГИ И НА НАШИТЕ МАКЕДОНСКИ ВОЕННИ! БРАВО! ЕДИН НАРОД В ДВЕ ДЪРЖАВИ!” – го поздрави заедничкото учество на македонската и бугарската армија на прославата и дефиле, по повод денот на бугарската Армија во Софија Вида Попова Боева на Фејсбук, секретарка и животна сопатничка на Ванчо Михајлов.

За прв пат на воената парада по повод 140-годишнината од Денот на бугарската Армија, Република Македонија учествуваше во военото дефиле со механизиран пешадиски баталјон од 75 војници.

Тие му отпоздравија на бугарскиот претседател и врховен командант на бугарските воени сили Румен Радев. Радев се поклони пред знамињата, а потоа им честиташе на полковите кои што учествуваа на парадата. Низ центарот на Софија продефилираа 1.600 војници, 56 милитантни возила и 14 хеликоптери и воени авиони.

 

Секретарката и долгогодишна животна сопатничка на Ванчо Михајлов, Вида Боева, на 20-ти мај ќе наполни 90 години. Таа е родена во 1938 година во Охрид. Во нејзината биографија стои дека била бугарска патриотка, и членка на Македонска патриотска (Патриотическа) организација на Ванчо Михајлов.

Интересно е што таа е активна на ФБ, или некој ја одржува нејзината ФБ страница, спомнувајќи и славејќи ги нејзините членови и ликот и делото на Ванчо Михајлов.

Вида Боева, многумина ја карактеризираат како верна секретарка, иако таа повеќе сака себеси да се нарече соработник, на еден од најконтроверзните лидери на македонското револуционерно движење-ВМРО.

Родена е во Охрид, а во родниот град за прв пат, по 46 години илегално живеење во Италија, дошла во 1999 година. Ванчо Михајлов, го запознала во 1961 година и оттогаш е неразделна од него се до неговата смрт во 1990 година. Таа и денес го негува споменот и култот на него.

Живее во Рим со спомените и комплетната архива на Михајлов, но и со неговите ставови за Македонија, за кои вели дека се и нејзини ставови.

Михајлов почина во 1990 година со идејата дека Македонија треба да биде независна држава, но никогаш не ја призна посебноста на македонската нација.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This