СЕЛА НЕ ЗНАЕ ЗА ГАРАНЦИИТЕ НА ЗАЕВ: Јас не сум потпишал гаранции и никогаш нема да потпишам!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас ништо не сум потпишал и никогаш нема да потпишам. Не ми е јасно зошто на некојси претседател му се потребни гаранции за унитарноста кога тоа не беше барано од другата страна, рече Зијадин Села на првото појавување во јавноста

zaev-sela-670x389

Зијадин Села, лидерот на Движењето за реформи – ДПА и на „Алијанса за Албанците“, во своето прво појавување во јавноста рече дека тој не стои зад гаранциите што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги достави во име на новото парламентарно мнозинство, а во насока за добивање мандат од претседателот Ѓорге Иванов за формирање влада.

Јас ништо не сум потпишал и никогаш нема да потпишам, вели Села во врска со гаранциите на Заев до Иванов.

– Унитарноста не се определува на протести или на друго место, туку во Собранието. Ако има двотретинско мнозинство тоа може да се смени. ВМРО-ДПМНЕ има 51 пратеник и значи ли тоа дека тие не се сигурни во сите свои пратеници како ќе се постават во таа состојба, изјави Зијадин Села.
zijadin-sela-e1489054486176-520x213

Во врска со настаните од 27 април, пак, Села рече дека на тој ден бил извршен атентат врз барањата на Албанците.

– На 27 април беше извршен атентат врз политичките барања на Албанците. На 27 април донекаде успеаја да нè убијат, но ние пак се реинкарниравме и се вративме на политичката сцена во Македонија. Ќе продолжиме барањата на Албанците во Македонија да ги преточуваме во политички барања. Го продолжуваме овој наш пат и ќе се вратиме уште посилни на политичката сцена – рече Села на прес-конференцијата во партиското седиште во Тетово.

Разговорите за владата вели дека се тематски прашања што според него се позначајни отколку можните кадровски решенија.

– Во новата политичка влада без разлика дали ќе бидеме физички присутни или не ДПА – Движење за реформи како дел од коалицијата Алијанса за Албанците приоритет ќе има да бидат земени предвид и да се реализираат потребите и барањата на Албанците во Македонија, рече Села.

Тој беше пречекан од голем број негови симпатизери. Тие на себе носеа маички со ликот на Села. Над влезот во објектот каде што е сместено партиското седиште беа закачени знамиња на Албанија, НАТО, ЕУ, САД. Македонското знаме не е закачено.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This