April 26, 2024, 10:36 pm

СЕЛА СЕ СМИРИ СО ЗАЕВ: Министерството за здравство ќе остане на Алијансата за албанците, Села веќе го договорил името на министерот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неофицијално, според извори на НОВА ТВ , Зијадин Села имал разговор со премиерот Заев и го понудил нивниот кандидат, Вулнет Ферати. Изминатите денови се калкулираше со повеќе имиња, меѓу кои и еминентни лекари како предлог од СДСМ.

До крајот на неделата, односно викендов треба да биде назначен нов министер за здравство, брифираат високи извори за НОВА од Алијансата за Албанците.  Изворите на НОВА ТВ признаваат дека изборот многу се развлече, но велат дека тие не го блокираат процесот. Неофицијално, Зијадин Села имал разговор со премиерот Заев и го понудил нивниот кандидат, Вулнет Ферати.

„Сметаме дека навистина многу се продолжи ова, но во готовност сме, подготвени да го официјализираме нашиот кандидат“, велат извори за НОВА од Алијансата за Албанците.

Од Алијансата велат дека ова министерско место по редот на нештата им припаѓа на нив, а нивниот кандидат доколку биде назначен само би продолжил таму каде што застана Таравари.

Нема потврда од Владата до каде се преговорите со коалиционите партнери и дали премиерот размислува за понудата на Села.

Од ДУИ пак, велат дека во моментот немаат сериозни претензии кон ова министерство, како и дека се уште не е разгледано ова прашање во партијата.

„Се уште не знаеме ништо, но и немаме некои посебни претензии кон ова министерство. Ќе видиме што ќе одлучат органите на партијата“, изјави за НОВА Артан Груби, шеф на кабинетот на Ахмети.

Не се знае дали е ова нов момент во партијата или работите се разбрануваа по сериозните препукувања на двајца кандидати како претенденти за министерско место.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This