April 19, 2024, 11:13 pm

СЕЛФИТО КОЕ ОДЕКНА НИЗ ЦЕЛА ПЛАНИНА: Овчар од струшко силувал Холанѓанка која правела селфи со стадото овци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

29-годишен овчар од струшкото село Подгорци е осомничен дека извршил полов напад врз холандска државјанка на возраст од 55 години. Според информациите на Министерството за внатрешни работи настанот се случил вчера околу 14.30 часот во атарот на селото Вевчани.

Холанѓанката К.С.К. го сликала стадото овци, по што овчарот се доближил и побарал тој да ја слика заедно со стадото. Откако ја сликал, К.С.К. се поздравила со овчарот и тргнала кон своето возило.

„Во тој момент 29-годишниот А.А. со употреба на физичка сила ја турнал на земја, легнал врз неа и почнал да ја допира по интимните делови од телото. Сторителот и се заканил со нож да не дава отпор и продолжил во намерата. Во еден момент оштетената успеала да се оттргне од него и се упатила кон возилото. Сторителот тргнал по неа, ја отворил вратата од совозачката страна и од нејзината чанта извадил паричник од кој одзел околу 2.000 денари, по што заминал во непознат правец“, велат од Министерството.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This