СЕЛФИ ОД СОБЛЕКУВАЛНАТА: Македонските ракометари објавија селфи по триумфот над Црна Гора!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија слави, а има и повод. По тешката борба и големата победа на Македонија против Црна Гора, ракометарите направија победничко селфи од соблекувална на Македонија.

Македонија вечерва го нанижа и вториот триумф на Европското првенство во Хрватска, откако во вториот натпревар ја победи Црна Гора 28:29 (16:15 на полувремето).

Со овој триумф нашите репрезентативци се искачија на првото место во групата Ц, откако Германија ремизираше со Словенија.

После млитавото прво полувреме во кое примивме 16 голови, во вториот дел повторно нова Македонија на теренот. Советите на Гонзалез на полувремето повторно вродија со плод, а внесувањето на Филип Кузманоски во игра се чини беше главното оружје во нападот.

Младиот џин натпреварот го заврши со 5 погодоци. Одличен беше и Mиркуловски кој иако играше со повреда постигна 4 погодоци, а исто колку имаше и Манасков.

Капитенот Лазаров натпреварот го заврши со 4 погодоци, а солидни меѓу стативите беа и двајцата голмани Митрески и Ристовски.

Кај Црногорците најефикасни Грбовиќ, Чавор и Вујовиќ.

Со оваа победа нашите репрезентативци се пласираа во вториот круг од првенството, а колку бодови ќе пренесат во наредната фаза ќе се знае после натпреварот со Германија во среда, кој Македонија го игра од терминот 18:15 часот.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This