March 28, 2024, 11:07 am

СЕМЕЈСТВАТА НА ТЕРОРИСТИТЕ СО ГОЛЕМИ НАДЕЖИ: Харадинај ветил дека максимално ќе се ангажира за слобода на терористите од Диво Насеље

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавноста памети дека еден од условите и барањата кои произлегоа од Тиранската платформа беше ослободувањето на таканаречените ,,политички затвореници’’, по етничка припадност Албанци меѓу кои беа споменувани и терористите кои учествуваа во случајот ,,Диво Насеље’’.

Останува прашањето дали утрешната посета на косовскиот премиер Рамуш Харадинај е во насока на ослободување на терористите? Да се потсетиме дека токму од косовската држава семејствата на учесниците во случајот ,,Диво Насеље’’ добија илјадници евра надомест, а загинатите беа погребани со највисоки почести.

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири во повеќе наврати најави формирање на меѓународно тело кое ќе истражува што токму се случи тој кобен 9 мај во кумановско Диво Насеље. Со други зборови уште во првиот месец доаѓање на власт високи партиски функционери на СДСМ најавија ослободување на овие луѓе како што тоа се случи со ослободените терористи од случајот ,,Монструм’’.

Според пишувањата во албанските медиуми во држава неговото доаѓање ја враќа надежта кај членовите на семејствата на Кумановската група, кои целиот свој живот доколку не бидат ослободени ќе го поминат во затвор. Газета Лајм пишува дека ,, премиерот Харадинај им ветил на нивните семејства дека максимално ќе се ангажира, правдата да дојде на место во однос на членовите на оваа група’’.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This