СЕ ГОНАТ НОВИНАРИ И ПРОФЕСОРИ: Владеачката партија се заканува со затвор, кривични и оцрнување на новинари и професори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Наум Стоилковски во пост на социјалните мрежи пишува дека професори и новинари се гонат од страна на властите за јавно изречен збор.

Тој не дава точни информации за конкретни имиња но ги засилува шпекулациите дека неколку видни интелектуалци и новинари деновиве се повикуваат на разговори во надлежни институции.

Целиот напис на Стоилкоски:

Најголемиот Фемицид

Концептот ‘Едно опшество’ за сите отиде во неповрат, се претвори во опшество на Белиот дворец. ‘Богасвото’ со кое се фалеше натуршчикот зборувајќи за дебата и за различни мислења, брзо- брзо му натежна врз пршлените на свитканата кичма.

На дворот, во личното ‘опшесво’, оддамна не цветаат рози. Розите им свенаа. Наместо нив нараснаа магарешки трња. Такви посадија- навидум бели, чисти, необоени. Ама трња!

Белите трња на сцена стапија со потреба за два- три шамара за народот. Сега приведуваат професори и интелектуалци на ‘разговор’. Нивниот ерес е што бараат да се застане со понижувањето на нацијата.

Ги заболел зборот предавство. Се заканувале со кривични, со суд, со отстранување, со оцрнување. Имаат и пример: притворени терористи од Судот за кои и Обвинителството бара поблага мерка. Тие замолкнуваат интелектуалците, а побелените, испрани и штиркосани браќа замолкнуваат медиуми.

Кривични има за сите што ќе помислат да сопрат лудило! Кривична за секој спроти Првиот реформатор на ‘сусвото’!

Кривична за можеби и за родителот на девојката која го одбила налудничавиот напад да ја свитка кичмата! Тајната од сега вкусната Шампита е се погласна, но за неа нема хаштаг на ‘Тњитер’! Нема револт, нема протест пред Белиот двор. “Сега кажувам” ќе почека некоја година. И одговорноста исто така!

Спиралата на Белиот насаден Трн се повеќе зема замав. Од неа Македонецот никогаш не се чувствувал поевтин, а цената на Животот прескапа!

Спирала со кривична може за сите, ама не и за напаѓачот во Дворот! Тој е сега потребен за “позитивната клима” за натуршчикот. Сега не е време за анализа и дебата, туку за слепа верба, а тој е тука се да мине како треба. И одеднаш сега нема цензура, има нарачана самоцензура. И анкети од лани. Не прашувајте, прочитајте што пишуваат самоослепените.

До слепата верба мора да се држат сите, па и министерот до натуршчукот. Јалови се обидите за негово перење во јавноста. Возот е заминат далеку во пченката, и остава длабока трага во колективната меморија.

Трагедијата со девојчето- штитеничка од домот е колективно огледало на сегашноста! И неа институционално ја замолкнуваа кога бара помош! Кога случајот абортус заврши во јавност, Белите најдоа спас во книгата: Не била силувана, била злоупотребена!

Што ли им напишале во книгата за Македонија?
На списокот за Фемицид вбројте ја и мајковината, таа сепак е најголема жртва!

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This