СЕ ПОЈАВИЈА И ПРВИТЕ СВИРКАЧИ ОД ВЛАДАТА: Ексклузивно, свиркач од владата достави докази за криминалот во кој загазил Анѓушев и Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До нашата редакција пристигна текст и документи во врска со криминалните активности во кои се вплеткани Зоран Заев и Кочо Анѓушев, а започнале со реализација само 20-тина дена по влегувањето во влада

Како што информира нашиот „свиркач“ од Владата, веќе и било преку глава да гледа како владата на Заев станува заробеник на алчноста и криминалот, и луѓе кои со ништо никогаш не придонеле на партијата, или државата, а се поставуваат на функции, и им се отвараат можности за правење на сериозен криминал од кој преку ноќ стануваат милионери.

Идентитетот на свиркачот е познат на редакцијата, а во продолжение можете да го прочитате писмото и да ги погледнете документите кои беа испратени до нас.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Како некој што се борел со срце за промена на власта преку глава ми е веќе од сите пијавици кои гледаат да бутнат некое милионче повеќе за сметка на сите нас кои се мачевме да дојдеме до подобар резултат за да го бутнеме режимот.

Таквите го девалвираат секој наш макотрпен напор и затоа подобро е партијата веднаш да се свести и да реагира, наместо граѓаните да не плукаат по улици и да не обвинуваат дека сме протестирале и сме се бореле само за да се богатиме.

Јас ниту сум се борела за тоа, ниту се борам. Се борев затоа што верував во животот и се борев за да се вработам бидејќи сум сигурна дека имам капацитет да помогнам со труд и знаење и чесно да си ја одработам платата.
Молчев кога во владата влегуваа шарените револуцинери. Си велев дека е во ред, иако никогаш не биле дел од партијата. Протестираа со нас, се организираа и плукаа по режимот. Знам дека преку невладините добиваа и надомест за тоа, но немав против да влезат во владата, бидејќи ангажманот во невладините не е постојан, па и тие заслужуваа вработување, исто како и јас.
Молчев кога договорите ги потпишувавме преку кумот на генералниот секретар Рашковски , кој патем и никогаш не придонел нешто за партијата.
Молчев и кога почнаа да излегуваат аферите за Кочо Анѓушев, кој исто така не е член, ниту бил член. За претседателот Заев и за неговите фирми никогаш нема да зборувам затоа што и да заработи нешто повеќе неговото семејство, партијата се финансирала од тие пари.
Затоа во иднина ќе ги објавувам сите документи кои верувам дека побргу ќе не отрезнат и ќе ни го обелат образот пред јавноста. Еве токму еден од нив.

Владата на седница на 29 август донесе одлука за пренамена на земјоделско земјиште во градежно земјиште. Тоа се 23 дена откако беа распишани изборите и откако владата практично е ограничена и не смее да носи вакви одлуки. Кога се распрашав зошто е тоа така, ми стана јасно. Зад фирмата која учествува во целата работа стои кој ако не Кочо Анѓушев. Имено станува збор за пренамена на земјиште со која неговата вредност неколкукратно се зголемува. Станува збор за земјиште на кое треба да се гради ХЕЦ Тополка со придружни објекти. Фирмите кои стојат зад сето ова се Energy delivery solutions и Hidro holding односно Мали Хидроелектрани Тополки ДОО сега регистрирана на бул.Свети Климент Охридски број 30, во управната зграда на Фероинвест на Кочо Анѓушев. Управител на МХЕ е братот на Кочо Анѓушев, Тодор Анѓушев.
Ваквата алчност за пари не може да се скрие со поставување на сопствениот брат за управител. Судир на интереси постои и нас ќе не плукаат по улици ако не се избориме против ова. Не знам дали Кочо Анѓушев лично гласал и дали бил присутен на таа седница, но не можам да гарантирам дека не разговарал со другите министри и не ги убедил да изгласаат една ваква одлука која што ќе му донесе екстра профит на него и брат му.
Ете ја погоре одлуката на Влада, па нека повели Анѓушев и нека објасни.Ова е извадок од веб страницата на Фероинвест во кој јасно стои кој е управител на МХЕ.

[/kopa_block_quote]

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This