СЕ РАСИПА АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ: Откажаа погонските системи на американски носач на авиони среде океан!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грешка при производството на новиот мултимилионски носач на авиони на морнарицата на САД, го принуди бродот да стави крај на тестирањата и да се врати во пристаништето, објави Блумберг Њуз.

На 12,9 милијарди американски долари вредниот USS Џералд Форд му откажал погонскиот систем додека во пробниот тест за справување со големото синило. Проблемот со носачот се случил во јануари, но настанот е објавен дури четири месеци подоцна, откако “Блумберг Њуз” добил пристап до дописот на американската морнарица од командата на поморските системи.

“Официјалните претставници на морнарицата не го откриле проблемот за време на буџетските сослушувања пред Конгресот во последниве неколку недели, а сенаторите од Домот и Сенатот не поставиле прашања во врска со настанот”, забележа Блумберг.

Според дописотт, производителот на носачот на авиони објаснува дека проблемот настанал поради “производствен дефект”, а “не поради грешка на персоналот” на американската морнарица .

Заедно со морнарицата, значителен контингент на американските законодавци агресивно ја следат стратегијата за набавка на два носачи на авиони класа Форд во фискалната 2019 година, со што ќе се прошири вкупната набавка на колосалните нови бродови од три на четири. Програмата, која се проценува дека ќе чини 42 милијарди американски долари за три брода, ќе достигне 58 милијарди долари ако сенаторите ја одобрат набаквата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This