СЕ СОБИРААТ СРЕДСТВА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА СПОМЕНИК НА КАЈМАКЧАЛАН: Миленко ги објави донаторите за поставување на Македонски споменик на Кајмакчалан!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Акцијата за поставување спомен обележје на највисоката точка на планината Ниџе, на Кајмакчалан во народот попознат како Мачник, како знак на оддавање почит од нас живите МАКЕДОНЦИ на измачените македонски души загинати на боишта, се одвива како што очекував – пишува новинарот Миленко Неделковски, иницијатор на акцијата на својот ФБ профил

15350691_1549271641756520_3434598852030397017_n
[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Ние Македонците не ги забораваме жртвите на нашите претци. Да ве изветсам дека досега следните наши сонародници, здруженија и фирми донираа пари. Секој колку можел и колку имал, но секој од срце и желба конечно, тие МАЧНИ души од врвот МАЧНИК да добијат свој споменик по цели 100 години.

Димзов Борис – Охрид
Здружение на жители на село Ваврва – Теарце
Митко Сакалиев
Емилија Атанасова – село Блатец, Виница.
Јовица Цветановски
Атлантис ДООЕЛ – Скопје
Добрица Арсов
Никола Ристовски
Гоце Кочов – Битола
Игор Бајатовски
Јованка Кепеска – Скопје
Мирка Велиновска – Скопје
Дарко Јаевски – Скопје
Миленко Неделковски – Скопје

Податоци за уплата побараа повеќе фирми и приватници од Македонија, како и двајца наши сонародници што живеат во странство.
Работам на можност патот до врвот да биде саниран, односно оспособен за да може до горе да се стигне со поробусно возило, но без преголем напор. Односно, наместо 6-7 часовно возење на 35-40 километри, да се стигнува за 3-4 часа. Така ќе има можност сите што сакаат да присуствуваат на поставувањето на спомен обележјето, да си дојдат до горе.

До лето, на Мачник ќе се искачиме сите. Најавија вклучување Кривопаланечките и Демирхисарските оф-роудџии.
На оние кои досега финасиски го поддржаа овој проект им благодарам.

По завршувањето на целата операција, ќе презентирам детален извештај за сработеното.
На флаерот ги имате сите детали.[/kopa_block_quote]

Претходно годинава, Миленко Неделковски иницираше и спроведе акција за отстранување на илегално поставениот споменик од страна на група Бугарски војници кои од грчка страна се искачиле на Кајмакчалан и нелегално ја преминале границата.

milenko_kajmakcalan2

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This