СЕ СПРЕМА ДРЖАВЕН УДАР ВО СОБРАНИЕТО: СДСМ, ДУИ и Села спремни преку насилство да го превземат претседавањето со Собранието!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една од целите која ја заговарала СДСМ била насилно да се завземе претседавачкото место со цел да се избере претседател на Собрание Албанец и да се почне со спроведување на Тиранската платформа, која е вовед во редефинирање на Република Македонија.

zekiri-zaev-640x353-1

Планот Б на СДСМ, кој го најавија и претседателот на партијата Зоран Заев и Љупчо Николоски, практично би бил државен удар надвор од сите правила во демократска држава. Дополнително главните полуги на СДСМ веќе го открија валканото сценарио.

-Вељаноски ќе го фатите за ушите немиени и ќе го тргнете од седалото, ќе ја востоличите легитимно новата собраниска постава, а не да се глупирате со „почитување процедура“ која е во стартот прекршена. Значи, драги мои другари СДСМовци, освен пенкалото за гласање, ќе ни треба сепак и едно „малку подебелко пенкало со јајца на крајот“ – за преземање на власта која ни ја изгласале граѓаните, пишува еден од главните идеолози на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, кој во очај повикува на насилство.

Народот се самоорганизира за да го спречи ова сценарио. Република објави дека самоиницијативно граѓани веќе се организираат и се прават списоци за итна мобилизација на граѓани во случај СДСМ преку узурпирање на претседавачкото место во Собранието или со предизвикување инциденти и кршење на процедурите да сакаат да изгласаат претседател на Собранието и да формираат влада чиј мандат ќе биде спроведување на Тиранската платформа.

Граѓаните се одлучни по секоја цена да ја бранат демократијата и со сите расположливи средства да не го дозволат ова сценарио. Граѓаните самоиницијативно формираат групи кои во таква ситуација за многу кусо време би се собрале и би реагирале на секаков можен начин со сите средства. Практично тие ќе бидат чуварите на државата и институциите во случај СДСМ да сака да го искористи предвелигденскиот период на насилен пат да ги узурпира институциите. Ваквата „честитка од СДСМ“ ќе предизвика реакција. Платфомата од Тирана ја направија пред Божик, а сега ќе сакаат да ја спроведат преку формирање влада за спроведување на Тиранската платформа пред Велигден.

Од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ излегоа со вонреден повик во кој ги повикаа граѓаните на Република Македонија да бидат на готовс и подготвени за секаква реакција.

-Имаме информација дека денес ќе се обидат насилно да изберат претседател, кршејќи го деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. Наспроти барањето на стотици илјади граѓани да се отфрли тиранската платформа, тој срамен документ изготвен во туѓа држава, потписниците и поддржувачите ќе сакаат насилно да го спроведуваат. За СДСМ е поважна власта од јазикот, името, знамето и носењето на земјата на патот кон федерализација. Така беше и во 93-та со името, 95-та со знамето, така беше и со референдумот 2004-та. Така е и денес. Спремни се да скршат деловник, закони и Устав, само за да дојдат на шверцерски начин на власт. Граѓани на Република Македонија, бидете на готовс, подготвени за секаква реакција. Заедно, сложни, бројни, мудри и силни. Доаѓа времето за финалната победа. Денес СИТЕ пред Влада во пет. А ако треба И ПОРАНО, порачаа од ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This