СЕ ШТО СТЕ САКАЛЕ ДА ЗНАЕТЕ ЗА РУСКИТЕ СНАЈПЕРСКИ ПУШКИ: Елита помеѓу елитата во светот на лесно вооружување и снајперска техника!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На овогодинешниот форум „Армија 2017“ кој ќе се одржи следната недела во Москва, руската компанија „Калашњиков“ најави дека ќе претстави нов модел на огнено оружје, станува збор за полуавтоматска снајперска пушка Чукајева (СВЧ)
Во моментот никој не располага со точни спецификации на пушаката, иако е познато дека нејзиниот калибар ќе биде 7.62мм, а вкупната должина на снајперот ќе биде нешто повеќе од еден метар. Познето е и дека куршумите ќе се уфрлуваат преку шаржер, но кога ќе влезе во арсеналот на руската армија – не е познато

Меѓутоа, во руската војска посто мноштво на „оние“ снајперски пушки кои не се толку познати на широката јавност.

СВУ
Инженерите со изработката на оваа пушка се занимаваа уште во седумдесетите години на минатиот век, и тоа за потребите на опремување на руските воздушно-десантни сили. Имено, потребна им била нешто пократка пушка која би ги имала истите карактеристики како и оригиналната варијанта на Драгунов.

Снајперска пушка СВУ-А

Вкупната должина е 980 милиметри, шаржерот се наоѓа позади затворачот, а главната карактеристика е тоа што звукот на пукањето се маскира за противникот да не може да ја утврди точната локација од каде доаѓа куршумот.

Во случај е да погоди мети на оддачеленост до 800 метри, а најефикасна е на далична од 200 до 300 метри.

АСВК
Воена снајперска пушка од голем калибар, официјално ставена во арсеналот на Руската армија во 2013 година, но масовното производство е започнато 10 години претходно.

Руска воена снајперска пушка од голем калибра (АСВК)

Ова ефикасно оружје е замислено да неутрализира противници во панцири, но и да пробива лесни оклопни возила, и тоа благодарение на нејзината долга цевка.
Пунењето на куршумите се одвива рачно, што исто така додава на прецизност кога станува збор за далечни мети.

ОРСИС Т-5000
Пушката Т-5000 произведена е во фабриката „Орсис“ и се смета за „хирушки инструмет“ меѓу пушките
Замислена е во 2011 година, а само година дена подоцна веќе ја користеа познатите руски „Алфи“.

Орсис Т-5000

Исклучително е прецизна и на големи растојанија и ергономски замислена така да управувањето со пушката е исклучително лесно.
Може да се полни со шаржери од пет или 10 куршуми, а максималната оддалеченост на метата е 1.650 метри.
Најголемиот проблем кај оваа пушка е нејзината цена, имајќи во предвид дека е исклучително скапа, а куршумите кои ги користи не се стандардни.

„Вихлоп“
Специјална снајперска пушка од голем калибар „Вихлоп“ е направена на почетокот на двеилјадитите, и тоа за потребите на Центарот за специјалн намени на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Се работи за мешавина на голем калибар од 12.7мм, и прилично кратка цевка од 1.110 милиметри, а тешка е прифатливи 6.5 килограми.

Бесшумна снајперска пушка Вихлоп на компанијата Ростех

Овозможува бесшумно пукање, со обзир на тоа дека на крајот на цевката има голем пригушувач.
Наменета е да пробива лесни оклопни возила и панцири и тоа на оддалеченост од 600 метри.

СВЛ
Во семејството пушки Лобајева (СВЛ) се наоѓаат преку 10 различни модели на снајпери со различни карактеристики.

Снајперска пушка ОВЛ-3
Снајперска пушка ОВЛ-3

Најчестата варијанта е СВЛК-14С „Сумрак“, имајќи во предвид дека токму со таа пушка е срушен рекордот на гаѓање на цели на голема далечина – дури 3.400 метри.
Во Русија ја користи Службата за безбедност на рускиот претседател, а нејзината исклучително висока прецизност ја прави „елита“ меѓу снајперските пушки.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This