Силен земјотрес во Мексико: Стотици мртви, повредени и исчезнати

Поврзано

- Advertisement -
 Стотици мртви, повредени и исчезнати во Мексико, коешто по втор пат месецов се соочува со силен земјотрес. Освен човечки жртви, предизвикана е и материјална штета. Тектонското движење го активираше и вулканот Попокатепетел. Претседателот Нието побара соработка и внимателност од сограѓаните.
- Advertisement -

Историјата се повторува. Стотици жртви и повредени во земјотресот од 7,1 Рихтер кој погоди неколку мексикански држави на годишнината од катастрофалниот потрес од 1985 година во кој настрадаа 10 илјади луѓе. Најголем број загинати има во државата Морелос. Спасувачките екипи трагаат низ урнатините по исчезнати лица. Уништени се десетици објекти, вклучувајќи училиште, фабрика, станбени блокови и супермаркет. Без струја останаа над 3 милиони домаќинства.

„Властите ни рекоа да одиме во центрите и во болниците за да провериме дали имаме некој познат таму. Моето семејство ја послуша наредбата, но не успеа да најде некој близок.“

„Моите деца учат овде. Кога ја видов зградата, почнав да паничам, трчав, ги барав децата. Цел ден сум со екипите. Досега спасија неколкумина.“

„Ова е поддршка од заедницата. Собравме вода, храна, лекови. Зградата се урна, а има уште неколку уништени објекти“- велат жителите.

Властите на Мексико ги советуваат граѓаните да бидат внимателни и да не ја попречуваат работата на екипите на терен.

„Итните служби, војската, морнарицата им се на располагање на сите на кои им е неопходна помош. За жал, многумина загинаа, вклучувајќи и ученици. Отворени се и засолништа. Оние што се безбедни дома, нека останат таму. Не создавајте метеж во сообраќајот бидејќи е потребна проодност за амбулантните возила“, изјави Енрике Пења Нието, претседател на Мексико.  

Претседателот Нието им изрази благодарност и на сите кои преку социјалните мрежи мобилизираат доброволци и известуваат за несреќата.

Според Американскиот геолошки институт, епицентарот на силниот земјотрес бил во државата Пуебло на длабочина од 51 километар. Поместувањето на тектонските плочи го активираше и вулканот Попокатепетел, кој се наоѓа во близина на главниот град Мексико Сити. Прогласено е „црвено ниво“ на тревога.

Ова е втор силен земјотрес месецов во Мекиско. На 7-ми септември, во потресот од 8,1 Рихтер загинаа 98 лица, а над 300 беа повредени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This