СИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ПОЗИЦИИ ЗАГУБЕНИ: За 100 дена СДС и Димитров ги уништија сите меѓународни позции градени во изминатите 26 години!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сто дена хаос и понижување во меѓународните односи. Спорниот договор за добрососедство со Бугарија, дипломатскиот скандал со Србија, празно ветување за брз влез во НАТО и Европската Унија, нарачување цвеќиња од 5.000 евра е епилогот од првите 100 дена на Владата на СДСМ и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Во првите 100 дена од владеењето на СДСМ надворешната политика на Македонија значително се промени. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДСМ сега води политика на неспособност, хаос, лаги и понижување.

-Сведоци сме дека владата на СДС одбра политика на понижување. Политика на попуштање на се и сешто и национално понижување, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски истакна надворешната политика на Република Македонија е без никаков концепт и е базирана исклучиво на рушење на достоинството на државата и константно понижување.

-Нашата надворешна политика е без никаков концепт и базирана исклучиво на рушење на достоинството на нашата држава и константно понижување. Градењето на добрососедски односи е посебна приказна. Се случи една од најголемите дипломатски кризи со соседна Србија, а со Бугарија потпишавме договор кој предвидува обврски само на македонска страна. Ревидирање и бришење на учебниците по историја е еден од условите кои Зоран Заев ги прифати, а беа предложени од Бугарија, и тоа ќе стане актуелно и неизбежно за една до две години од сега доколку овој договор биде ратификуван во нашиот парламент. Дали некој мисли дека односите може да се подобруваат само со отстапки од наша страна? Одговорот е не! Со ваквиот пристап само се отвораат вратите и можностите за нови блокади во иднина, доколку не бидат исполнети барањата на Бугарија во врска со договорот.

Првото нешто што го направи министерот за надворешни работи, Никола Димитров од Владата на СДСМ беше потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија.

Груевски посочи дека премиерот Зоран Заев и СДСМ прифатиле дека Гоце Делчев и сите македонски револуционери биле бугарски револуционери, а Илинденското востание било заедничко.

-Со тоа што прифати дека Гоце Делчев и сите македонски револуционери биле бугарски револуционери, а Илинденско востание било заедничко, и сме имале заедничка историја со бугарите. Дека на 11-ти октомври 1941 година имало граѓански конфликт на идеолошка осова помеѓу бугарското население во Македонија. Исто така не се ни обиде да издејствува признавање на македонскиот јазик, за кој нашиот сосед нема аргументи само со нас да го ословува со фразата ,,согласно уставот,, и со ниту една друга земја тоа не го прави. Ете така заев гради добрососедство. Којзнае што уште ја чека државата во идните предизвици со името и идентитетот?, праша Груевски.

Веднаш по потпишувањето на договорот Софија ја заостри реториката по ова прашање. Министерот за одбрана на Бугарија и претседател на националистичката ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов за Гоце Делчев вели дека нема зашто да се делиме околу него, бидејќи било евидентно оти е Бугарин.

Тој исто така истакна дека Илинденското востание е најорганизираното бугарско востание во бугарската историја.

По Каракачанов се огласи и европратеникот од истата партија, Ангел Џамбиски кој посочи дека целта на Илинденското востание била да нема граници од Охрид до Црно Море.

-Ние немаме интерес од граница на Деве Баир, ние немаме интерес од граница на Ќустендил. Ние имаме интерес да го довршиме делото на востанието од 1903 година кое беше од Охрид до Црно Море, за да нема граница од Охрид до црно Море-изјави Џамбаски.

По потпишувањето на договорот со Бугарија следуваше дипломатскиот скандал со Србија.

Македонија беше обвинета од Србија дека незаконски била прислушувана српската амбасада во Скопје.

Во екот на тој скандал, единствено нешто што Владата на Заев изјави е дека Република Македонија развива пријателски однос со сите соседни земји.

-Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји. Во врска со конкретниот случај, не носејќи избрзани заклучоци, ги поздравуваме најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки, соопшти Владата во екот на дипломатскиот скандал со Србија.

При последната средба на Димитров со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, Македонија беше наречена „северна земја“.

Коѕиас рече дека ја сакаат оваа северна земја и во НАТО и во Европската Унија, но ќе треба сето тоа да се оствари врз основа на правилата на ЕУ и НАТО.

Освен тоа, Димитров нема никаков проблем со евентуално уривање на споменици на македонските херои и историски личности, бидејќи како што рече, живееме во 21 век.

На прашањето што ќе направи новата Влада во однос на симболите и скулптурите на Александар Македонски кои побудуваат чувства кај граѓаните на Грција, Димитров одговори дека ова е 21 век и дека не смее да се гради политика врз историски личности од пред 2 илјади години.

– Историјата треба да е учител, но не и затвор. Ќе се држиме до спогодбата од 1995 година. Двата народа ќе живеат посплотено само во добрососедски односи.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи истакна дека Република Македонија недоволно стои и се држи до својот најсилен аргумент во билатералните односи, а тоа е пресудата од меѓународниот суд на правдата во Хаг.


-Република Македонија во моментов недоволно стои и се држи до својот најсилен аргумент во нашите билатерални односи, а тоа е пресудата од меѓународниот суд на правдата во Хаг. 2008 година кога Грција спротивно на времената спогодба стави вето на поканата за членство на Македонија во НАТО ние поднесовме тужба во судот во Хаг, каде што имав чест да бидам застапник на Република Македонија заедно со еден поголем дипломатски и правен тим. И во 2011 година добивме пресуда, едногласна пресуда доколку се иземе гласот на грчкиот судија во која што беше одлучено дека Грција нелегално и со прекршување на времената спогодба ја блокирала Република Македонија за да добие покана за членство во НАТО, истакна Милошоски.

Тој додаде дека новата влада го занемарува овој аргумент, а министерот Димитров и премиерот Заев не бараат од Грција и меѓународната заедница да ја призае пресудата од врховниот судски орган на Обединетите Нации, односно судот во Хаг.

Освен потпишувањето договори, дипломатски скандали и тестирање на ново име, Министерството за надворешни работи, предводено од Димитров, си објави и оглас за барање на прибирање на понуди за набавка за надворешни и внатрешни саксиски растенија и цвеќиња, цветни аранжмани и одржување на истите.

Според објавата на Електронскиот систем за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 305.700 денари или околу 5.000 евра.

Министерот за надворешни работи во владата на СДСМ Никола Димитров, покрај петте илјади евра за цвеќиња ќе потроши и 2,6 милиони денари за набавка на странски весници, иако новата влада најавуваше дека ќе штеди.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This