April 18, 2024, 10:58 pm

СИ „ШТАНЦАЛЕ“ ПРЕКУВРЕМЕНИ ЧАСОВИ: Кривични пријави за две раководителки во болницата во Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кривична пријава е покрената против две вработени во ЈЗУ Општа болница Охрид поради „злоупоптреба на службената положба и овластување“.

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(58) од Охрид и О.Л.(49) од Струга.

Првопријавената, како помошник директор за економски работи на болницата во период од февруари 2012 година до ноември 2015 година изготвила 13 наредби за прекувремена работа со невистинита содржина. Второпријавената, како шеф на отсек за комерција и јавни набавки во болницата изготвила десет наредби за прекувремена работа со невистинита содржина.

Истите ги завериле наредбите со свои потписи, како и со факсимилот со скратен потпис од директорот на болницата, без овластување од него.

Пријавените, за да ги потврдат изготвените наредби и ги дале службените картички за редовност на хигиеничарката и со усна наредба ја задолжиле да врши отчитување на истите во 20 часот и покрај тоа што пријавените останувале на работните места до 16 часот.

Со ова пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 141.746 денари, на штета на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This